27 Ноември, 2024
0.2086

Драгана Милчевска за праксата во Италија: Го научив јазикот, сега тоа ми вреди злато

Објавено во: Македонија 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Драгана Милчевска од Скопје, апсолвент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје  е успешна млада девојка која собира практични знаења и искуства во странство. Таа преку студенската организација  АIESEC била во Италија, а од мај ќе замине на пракса во Амазон во Словачка.  За сите млади кои сакаат да патуваат и да учат нови работи, го споделува своето искуство.

Фактор: Бевте на пракса преку AIESEC. На каков проект работевте и колку време?

Да, бев на волонтерска пракса преку AIESEC која почна од ноември и која траеше до срединaта на декември 2017та година во Болоња, преубав град во неописливо опојната Италија. Работев во три школи Marella, Viscardi, а најмногу во Scuola Media Farini. Им предавав англиски на деца од 9 до 13 години, мали и весели Италијанчиња и дечиња од многу други националности, чии семејства се закотвиле во земјата полна изненадувања. Имаше шест професори по англиски со кои соработував и на чии предавања влетував, а со кои се договорив да ми ја дадат целосната слобода за самата да изградам свој стил на предавање. Изненадувачки презадоволна сум! Во правата недела од моите предавања успеав да ја претставам Македонија онолку колку што умеам, со презентации, слики со пејсажи, храна, музика, а и го веев знамето во 25 класа. Се соочував со 630 деца неделно! Во таква околина не можеш, а да не научиш премногу работи! Патем, за време на мојот престој во Болоња бев сместена во домовите на две дарежливи фамилии кои ме прифатија како свое дете.

Фактор: Опишeте  ни еден ден за време на праксата!

Секое утро, во текот на работната недела, јас и членовите од фамилијата кај која престојував се будевме рано и се подготвувавме за денот пред нас. За Италијанците, нешто што веројатно не го знаете е дека речиси и не појадуваат. Тие јадат по неколку колачиња со млеко и се полни енергија сè до следниот оброк кој се состои од макарони и макарони, со екстра макарони. Не е ни чудо што во маркетите има огромни рафтови чајни колачи, тестенини, доматни сосови!  Како и да е, тие ќе ме однесеа до училиштето во кое и нивните деца учеа, а јас веднаш ќе се упатев кон канцеларијата за професори да се поздравам со колегите. Штом ќе се приближев пред училницата за да влезам на час, веднаш си го слушав името „Dragana! Dragana sta quiii!“ и радосните гласчиња и гласни кикоти на дечињата кои едвај чекаа промена од вообичаените часови по англиска граматика. Јас пак, делумно успешно им го премолчев фактот дека го зборувам нивниот мајчин јазик. Сакав да им претставам поразличен начин на учење на јазик, кој не се поклопува со школските методи во кои се давиме од детството. Почнувајќи од средината на средна школа, додека учев во гимназијата во Велес, се образував на темата „Учење јазици“ и кои методи познатите и помалку познатите полиглоти ги применуваат, која е воедно и темата на мојот дипломски труд. Сметам дека им пренесов добар дел од знаењето и на моите ученици со голем ентузијазам! Имаше денови кога работев од 8 наутро до 16 часот попладне, но имаше и денови во кои работев од 10 до 14 часот, но знаев дека секој ден што и да сторам и кажам дека децата тоа ќе го помнат.

Фактор: Што ви остави најголем впечаток, додека волонтиравте во друга држава? Какви промени направи кај вас ова искуство?

Најголемото и најискреното нешто што воопшто не очекував да ми се случи, беше да се заљубам во идејата да се опкружам со деца и да ги засакам сите деца со кои стапив во контакт, “my little monsters“ како што ги нарекував. Не очекував да добијам толку искрена и гласно искажана љубов, неисцрпно внимание и слатки пораки и подароци од нивна страна. Целосно ми се промени перцепцијата! Научив и премногу за животот во Италија, особено затоа што патував наоколу повеќе од две недели пред да почнам со праксата. Престојував кај повеќе од 9 Италијанци во тој период преку платформата Couchsurfing. Таквото искуство и таквите луѓе ме научија безбројни работи за нивната земја, менталитетот и јазикот. Потешка сум од искуства и знаење, но и од вегетаријански пици, тортелони, тестенини и gelato!

Фактор: Што научивте? Што им препорачувате на сите кои се двоумат дали да го преземат овој чекор?

Научив италијански! Покрај сите активно и пасивно впиени културолошки аспекти, го научив и јазикот на повисоко ниво. Морам да напоменам дека сега тоа ми вреди злато. Бессомнено сакам да ги охрабрам сите кои сакаат да отидат на пракса во странство да не се двоумат, затоа што ќе доживеат работи кои ќе ги покачат скала погоре во однос на свеста. Ќе научат да се справат со очекувани и неочекувани ситуации. Ќе се запознаат себеси надвор од границите на извежбаното секојдневие. Ќе развијат смисла за соживот и тон практични бисерчиња. Последно од мене би било да го исцртате текот на вашата иднина до видикот до каде сте способни да утврдите дека се простира и вткајте му искуства кои ќе ги помните и со кои ќе пораснете бар милиметар повеќе.

Фактор: Kако би се опишале себе си и како другите ве доживуваат како личност и карактер?

Би ви кажал/а дека дека сум вљубеник во учењето, но и во пренесувањето на знаење. Дека (со надеж) целосно ги употребувам сите форми на извори на знаење во области во кои тлее мојот интерес во одредениот момент. Студирам симултано и консекутивно толкување кон германски и англиски на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и сум пред прагот на дипломирање. Моите интереси имаат пуштено корења во областа на изучувањето јазици, малку познатиот свет на полиглотите, остварените патувања кои неописливо ме збогатиле и оние неостварените кои секојдневно ми зујат и ми ја надразнуваат шемата на размислување. Кога сум веќе кај размислување, можам да кажам дека гледам на тоа како на спорт, па се образувам за различните поделби на психологијата и мозокот, притоа дебатирајќи и разложувајќи мислења со часови со луѓето со кои сум решила да се опкружам.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари