17 Декември, 2025
0.0563

Драги мајки, покачена температура на дете се намалува со антипиретици: Д-р Јовановски со апел за користењето на кортикостероиди без индикации

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2023 14:50

Добивај вести на Viber

Периодов нема кој не се пожалил дека бил болен, односно дека бил настинат или лицата кои се блиски до нас споделиле дека нивен близок бил настинат. Таков е периодот, а и топлото време е во полза на вирусите. Токму поради преполните амбуланти и паниките кај пациентите особено кај младите мајки неколку лекари своите препораки, совети и забелешки ги споделуваат со пациентите на социјалните мрежи. Таков статус напиша и д-р Александар Јовановски, неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

Утрово ми стигнува прашање во приватна порака од моја блиска роднина, која претходната ноќ поради покачена телесна температура ја носела својата тригодишна ќерка на лекар. Прашањето се однесуваше на тоа која е инјекцијата која детето ја добило за покачената температура (максималната температура била 39,2). Крвната слика и другите инфективни параметри биле мирни. Изговорт за терапијата бил "да не качи детето пак температура". А зошто да не качи? Што ќе се случи побогу ако мало дете има покачена температура?

Веќе некои и претпоставувате, детето е боцнато ампула Лемод (Урбазон) - кортикостероиден препарат со брзо и силно имуномодулаторно и имуносупресивно дејство. И тоа е точно, детето нема пак да ја покачи својата температура. А знаете зошто? Затоа што со помош на овој препарат се "блокира" клеточната комуникација во рамките на нашиот имун систем, па така наместо организмот да добива сигнал дека нешто во него се случува, тој останува "нем" и не ја покачува телесната температура која е единствениот одбрамбен механизам да се спречи размножување на актуелниот вирус и истовремено да се овозможи "зреење" на детскиот имун систем. Со урбазонот вие можеби ќе спиете мирно сега, ама во наредниот период вашето дете ќе биде изложено на почести инфекции, одложено созревање на имуниот систем и со огромен ризик за сериозни компликации со бактериски инфекции поради имуносупресивното дејство.

Драги колеги, сите вие кои боцкате урбазон кај мали деца поради покачена телесна температура не постапувате "lege artis" и треба да ви биде срам од таа постапка.

Драги мајки, покачена температура на дете се намалува со антипиретици (парацетамол и ибупрофен) и со физички методи на ладење на телото. Немојте заради паника да вршите притисок врз лекарот и да инсистирате на лекови кои се опасни за вашето дете. Во суштина, лекар кој ќе подлегне на вашиот притисок веднаш сменете го, зошто уцена од пациенти и исполнување на нивните желби не е медицина базирана на докази.

На крај ќе заборавев, во некои земји за користење на кортикостероид без индикација се сносат последици!“


Фото: unsplash

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски