Досие: Драги Рашковски го заврши ангажманот во Владата, продолжува како професор и иноватор
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020 08:41
Изборот на Драги Рашковски за нов генерален секретар на Владата во 2017 предизвика доста бурни реакции бидејќи сепак, станува збор за една важна функција иако е далеку од моќта која ја имаат министрите или нивните заменици.
Професорот и иноватор повеќе не е „организатор“ во Владата, која на синоќешната седница одлучи на негово место да го назначи Мухамед Зеќири, потпретседателот на СДСМ кој пред еден месец си поднесе оставка како пратеник за да ја превземе оваа функција.
За Рашковски многу добро се знае на Правниот факултет „Јустинијан Први“ каде токму тој беше задолжен за компјутерските системи за полагање, пракса која на многу професори и не им беше омилена бидејќи немаа никакво влијание врз успешноста на студентот кој ако добро научи без проблеми може да положи. Новиот генерален секретар на Владата освен, што е професор со три магистратури и два доктората е и иноватор со повеќе правно-технолошки пронајдоци кои може директно да се применат во демократските процеси.
Професорот Рашковски е по потекло од Струмица и затоа не изненадува блискоста со новиот премиер Зоран Заев кој во својот тим одбира луѓе кои му се од доверба. Во случајот на Рашковски голема поткрепа имаше и неговото професионално CV кое говори за извонреден експерт во правото, но и во информатичките системи.
Рашковски своевремено говореше за прочистувањето на избирачкиот список, за неговиот дамнешен патент за електронска гласачка кабина, како и за концептот за одржување на прецизен и непристрасен попис, идеи кои привлекоа голем интерес кај стручната јавност но, не беа искористени.
Се уште нема коментар од Рашковски по завршувањето на неговата функција. Премиерот Зоран Заев пред еден месец рече дека генералниот секретар Драги Рашковски си поднел оставка уште пред месец и пол дена, но дека не му се прифаќа додека не биде пронајдена негова замена.
- Рашковски поднесе оставка пред месец и пол и ќе ја извршува функцијата додека не дојде нов генерален секретар. Ќе има нов генерален секретар но немаме донесено се уште одлука. Штом ќе ја донесеме, таа одлука ќе ја соопштиме, рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




