16 Декември, 2025
0.0741

Драма над Јадранот: Авионот на Николиќ кој летал за Ватикан вратен поради дефект

Објавено во: Балкан 17 Април, 2015 12:02

Добивај вести на Viber

Авионот со кој српскиот претседател Томислав Николиќ летал за Ватикан се вратил во Белград поради дефект на моторот, потврдиле за српски Блиц од кабинетот на претседателот. Посетата на Николиќ во Ватикан поради тоа е откажана.

-Николиќ требало да слета во 9.20ч на римскиот аеродром. Меѓутоа, авионот принудно се вратил на белградскиот аеродром поради дефект на едниот мотор, а посетата на Светата престолнина е откажана за понатаму, додека не се утврдат термини за нова посета, рекле за Блиц.

Моторот на авионот „фалкон 50“ со кој летал претседателот Николиќ престанал да работи над Јадранското море. Леталото кое се наоѓало на висина од 10 000 метри паѓало речиси два километри, но благодарение на искусниот пилот е избегната несреќа.

Денес Томислав Николиќ требаше да започне еднодневна официјална посета на Ватикан.

 Пред заминувањето во официјална посета на Ватикан, на повик на папата Фрањо, претседателот Николиќ разговарал вчера со патријархот Иринеј и заминува на пат со негов и благосов на СПЦ.

Николиќ требало да се сретне и со државниот секретат Петро Паролино.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени