Драмата продолжува, ДИК „абер“ нема од соопштување на расплетот на изборите
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2016 19:15
Државната изборна комисија и натаму е под силен притисок што побрзо да ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори, како и да прецизира која партија колку мандати добила.

Наместо како што беше првично одлучено прес да се одржи во 19 часот, од ДИК пробија уште еден рок и засега нема можност да ги откријат преброените гласови и распределбата на пратенички мандати по изборни единици.

Владејачките структури веќе проширија теорија на заговор дека се вршат притисоци, вклучувајќи и од странски амбасадори да се влијае на конечниот исход со цел да им се одземат дополнителните пратеници со кои би имале јасна предност во однос на СДСМ.

Од друга страна пак, постои и голема загриженост кај опозицијата дека нивната изборна победа е осуетена и дека во ДИК се пристигнати фалсификувани извештаи од општинските изборни комисии кои не се поклопуваат со оригиналните записници, па затоа се врши дополнително пребројување на гласовите, а изборниот материјал целосно се прегледува.
Симптоматично е и тоа што бројот на неважечки ливчиња изнесуваат околу 34.000, а според непотврдени извори од ДИК повеќето биле заокружени со бројот 4. Секако, истата теза кружи и на провладините пропагандни сајтови кои го тврдат спротивното. Едно е сигурно, драмата и тензијата продолжува.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




