19 Декември, 2025
0.0815

ДРАМАТА ПРОДОЛЖУВА, ОВОЈ ПАТ СЕ ВКЛУЧИ И МЕЏИТИ: Тој ја обвинува Арсовска за дестабилизација, таа му вели „Не се глупирајте!“

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2025 07:20

Добивај вести на Viber

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, вчера упати остра критика кон скопската градоначалничка Данела Арсовска, обвинувајќи ја за политичка манипулација и вмешаност во план за дестабилизација преку општините.

Во изјава за медиумите, Меџити најави поднесување кривична пријава против Арсовска, поради — како што рече — „лажните тврдења“ поврзани со еден објект во Чаир, кој таа неодамна го објави на социјалните мрежи.

„Добро што Данела се појави, затоа што четири години не сме ја виделе. Наместо да каже нешто за ветеното, а несработеното во Чаир и Скопје, таа сега глуми инспектор и контролор. Заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот и дека ова е најлошото управување со Град Скопје од независноста до денес“, изјави Меџити.

Според него, акцијата на Арсовска е дел од поширок политички план:

„Ова е последниот обид на Ахмети за дестабилизација, овојпат преку Блерим Беџети, Левица и Арсовска како инструмент. Ако зборуваме за дивоградби, тогаш не постои општина во Скопје што ги нема. Добро е што почна од Чаир, но нека продолжи и во Сарај, Шутка – таму се нејзините партнери.“

Меџити го посочи и случајот со синот на шефот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети, кој наводно на 17 години има договор за интелектуални услуги во ЈП „Комунална хигиена“.

„Не е случајно што Скопје се дави во ѓубре. Добро е Данела да се фокусира на своите надлежности, а не да се користи како алатка во политички игри“, нагласи министерот.

Оваа изјава доаѓа откако Арсовска објави дека има сомнежи за фалсификувана документација и незаконско градење во Чаир, повикувајќи Јавното обвинителство да постапи итно. Политичката атмосфера продолжува да се заострува, додека новата парламентарна структура добива се појасни контури.

Во подоцнежен коментар на социјалните мрежи, Меџити рече дека Арсовска се обидува да ја дестабилизира државата и тоа во соработка со ДУИ и Али Ахмети.

Но Арсовска воопшто не е проблем. Проблемот е што откако пропадна планот за рушење на власта со Таравари, сега г. Ахмети се обидува да предизвика дестабилизација преку Данела Арсоска и Левица. Ова е најновата стратегија на Ахмети за дестабилизација на државата, овој пат преку општините, а за жал во соработка со Левица и Данела Арсовска. Жалам за Данела затоа што стана инструмент на ДУИ.“ напиша Меџити.

По тој повод со реакција се огласи и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата.

Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал незаконските дивоградби за кои луѓе ви платиле милиони евра, а сте ги лажеле дека ќе можат да ги легализираат.

Не се глупирајте, ви ја знаеме играта, ви ги знаеме лагите, знаеме кога се обидувате да манипулирате со јавноста и да ја дефокусирате.

Како тоа секогаш кога некој ќе ви чепне во криминалот тоа е „обид за дестабилизација“?

Каква е таа матрица на ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ВЛЕН?

Секогаш кога се во тесно, кога флагрантно се фатени со „рачињата во медот“, тоа било обид за дестабилизација.

Каква дестабилизација? Што ќе се дестабилизира?

Ќе ви кажам јас што. Единствено нешто што ќе се дестабилизира од откривањето на криминалот со дивоградбите во Чаир е вашата комоција и прилив на нелегални пари. Тоа ќе биде дестабилизирано.

Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти, не се глупирајте“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот