ДРАСТИЧНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СМРТНОСТА ОД КОВИД ВО МАКЕДОНИЈА: Во последната недела има 97 смртни случаи, по втор пат се заразиле 1.559
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2022 10:51
Пријавени се 97 смртни случаи во 20 градови во текот на
изминатата недела, за 76,4% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од
нив се од Скопје-38. Во однос на возраста, најголем број (n=85; 87,6%) од
починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се
починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (8), 40-49 години (2) и
30-39 години (2), објави Институтот
за јавно здравје во анализта за состојбата со ковид-19 за периодот од 17. до 23.
јануари.
Тестирани се вкупно 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,6% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела (n=11.115). Процентот на позитивност се движи од 23,6% до 34,4%, просечно 29,1%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=6.045; 52,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево – 1.127,9/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39г (n=2.711, 23,4%) и 40-49г (n=2.424, 20,9%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=267; 2,3%). Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 0-9 години со зголемување од 30,9% и возрасната група 60+ со зголемување од 17,1% во однос на претходната недела.
Се регистрира намалување на бројот на заболени кај возрасните групи од 10-19 години (-15,3%) и 20-29г (-18,0%) во однос на минатата недела. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 6.114 (52,7%) лица од женски и 5.496 (47,3%) од машки пол. Со статус „оздравени“ се стекнале 7.627 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25,0% во однос на претходната недела.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




