18 Декември, 2025
0.0509

ДРЕКСЕЛМАЕР ЌЕ ГРАДИ ГОЛЕМА ФАБРИКА ВО ЗОНА ВО КУМАНОВСКО - се планираат 2.000 нови вработувања, Димитриевски бара повисоки плати

Објавено во: Економија 18 Декември, 2021 07:55

Добивај вести на Viber

Во план е отворање на дополнителен производствен капацитет на „DRÄXLMAIER group“ во индустриската зона Новини и Речица, во кумановско, каде треба да се вработат повеќе од 2.000 граѓани. 
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во телевизиско гостување изјави дека на средбата со менаџментот на компанијата побарал да се зголемат и платите за новите вработувања.

Оваа информација за плановите на Дрекселмаер ја потврдуваат и од Германската стопанска комора во земјава, која ги обединува германските инвеститори кои работат во државава. 
Како што пишуваа медиумите, вкупно 12 градежни парцели за изградба на хотели, трговски центри и фабрики беа објавени на јавно наддавање кон крајот на мај во индустриската зона „Речица“ покрај Куманово. Се работи за четири парцели за лесната и незагадувачка индустрија, две за хотели и шест за големи трговски центри. Почетната цена на земјиштето за изградба на фабрики за лесна индустрија е едно евро по метар квадратен, за хотелски комплекс 283 денари од метар квадратен и за големи трговски центри 800 денари од метар квадратен.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје