20 Јануари, 2025
0.0477

Дрин Ахмети ги пренесе своите фирми во Соравиа

Објавено во: Економија 12 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Младиот бизнисмен Дрин Ахмети ги пренесе своите фирми во Соравиа во Скопје, откако преку летото беше објавено дека една од неговите компании - Тор Индустрис ќе има удел во деловниот бизнис-центар.

Фирмите кои Ахмети ги поседува Еверест ЏД и Потам Плант од пред десетина дена наместо „Кичево“ го имаат називот „Скопје“ во своето име и се префрлени на адресата „Филип Втори Македонски бр.3“. Од она што претходно е опишано во медиумите, станува збор за фирми кои работат со концесии.

„Компанијата Еверест ЏД имаше 5 милиони евра проценета вредност на концесија, а компанијата Потам плент (Potam Plant) со хидроенергетскиот проект во 2022 имаше проценета вредност на инвестиција од 400 илјади евра. Вредноста на средствата на Еверест ЏД и Тор индустрис е меѓу 7,5 и 8 милиони евра. Ангажирана е компанија за проценка на вредноста на средствата и наскоро ќе ја имаме и официјалната проценка за вредноста која веднаш ќе ја објавиме“, претходно соопшти Ахмети за еден од медиумите во текот на изминатиот јуни, давајќи поблизок опис за работењето на неговите фирми.

39-те проценти од Соравиа се уште не му се заведени во Централниот регистар на Ахмети, но му се заведени сопственички или управителски позиции во 4 фирми. „Еверест ЏД“ се занимава со нискоградба, има лиценца за ископ на минерални суровини и лиценца за хидроцентрали, додека „Потам Плант“ е фирма за производство на струја. За „Еверест ЏД“ од претходно се знае дека стопанисува со каменолом и има договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, општина Зајас.

Откако внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека ќе поседува удел во „Соравиа“, веќе неколку фирми го регистрираа своето ново седиште таму. Едно од нив е претставништвото на американската Мерк Шарп Дохме ИДЕА - инаку најголема фармацевтска компанија во светот. Таму своја компанија регистрираше и претседателот на албанската бизнис дијаспора Назар Ник Мехмети со „Американ Инвестмент Груп“. Во Соравиа од неодамна е и Мега С Пауер, компанија за трговија со електрична енергија на Индиецот Ранјит Најак кој е бизнис партнер со Шкумбин Ахмети, синот на Али Ахмети.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

„ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT? Во 2025 влеговме со зголемен увоз на електрична енергија

„ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT? Во 2025 влеговме со зголемен увоз на електрична енергија

Се крчка „чорба“ во Македонијатурист! Ќе го вратат ли новите акционери прочуениот деликатес во легендарниот хотел „Бристол“?

Се крчка „чорба“ во Македонијатурист! Ќе го вратат ли новите акционери прочуениот деликатес во легендарниот хотел „Бристол“?

ГО ПРАШАА МАСК КАКО УСПЕВА ДА ВОДИ ШЕСТ КОМПАНИИ ОДЕДНАШ: Одговори со неколку зборови

ГО ПРАШАА МАСК КАКО УСПЕВА ДА ВОДИ ШЕСТ КОМПАНИИ ОДЕДНАШ: Одговори со неколку зборови

ВО ОВАА ЗЕМЈА СТАНУВА НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ КУПИ СТАН: Квадратен метар оди и до 2.000 евра

ВО ОВАА ЗЕМЈА СТАНУВА НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ КУПИ СТАН: Квадратен метар оди и до 2.000 евра

СВЕТСКА БАНКА ЗАГРИЖЕНА: Можна ескалација на трговските тензии меѓу големите економии во 2025 година.

СВЕТСКА БАНКА ЗАГРИЖЕНА: Можна ескалација на трговските тензии меѓу големите економии во 2025 година.

РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА - под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно

РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА - под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно