„ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО ЛАЖЕ И ЈА МАНИПУЛИРА ЈАВНОСТА“: АХВ со остра реакција кон Костадинов, но без коментар за судската пресуда
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2025 13:24
Дрско и безобразно лаже и ја манипулира јавноста единствено првиот човек на Општина Струмица, Костадин Костадинов, во вчера објавениот ФБ статус во кој свесно ја клевети Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) дека предизвикувала страв и паника кај Струмичани, прогласувајќи ја за небезбедна водата за пиење.
Ова го пишува во соопштението на АХВ испратено до медиумите, при што укажаа дека тој заборавил на важни детали од пресудата.
- Едно свесно “заборави” да каже струмичкиот градоначалник за судската одлука чиј дел јавно објави, а тоа е дека таа воопшто не се однесува на проблемот со водоснабдувањето во градот Струмица од септември и октомври минатата година, кога поради небезбедност беше забранета за употреба водата од градскиот водснабдителен систем со кој стопанисува јавното комунално претпријатие Комуналец Струмица.
Вистината која свесно ја скри струмичкиот градоначалник е дека судската одлука се однесува на обврската која ја има како прв човек на Општината да стопанисува со селската водоводна мрежа, со конкретната судска одлука, во селата Рич, Попчево, Белотино, Костирино и Вељуса - пишува во соопштенеито на АХВ.
Од таму додаваат дека се професионална и сериозна институција која навреме реагираше на негрижата и противзаконското постапување на Костадинов и Општина Струмица како исклучително надлежни за стопанисување со водоводната селска мрежа во овие села за кои требаше да обезбеди вода за жителите и истата да ја дезинфицира, а тоа не го стори, ниту во 2023, ниту во почетокот на 2024 година.
- Тогаш од страна на надлежниот инспектор по спроведениот вонреден инспекциски надзор по добиеното известување од спроведената Мониторинг програма на безбедноста на водата од Центарот за јавно здравје – Струмица, на 09.02.2024 година беше издадено решение за забрана за употреба на водата за пиење во овие 5 села поради отсуство на резидуален хлор во водата (неизвршено дезинфицирање на водата).
На операторот Општина Струмица со решението наредено и е да ја забрани водата за пиење во водоснабдителните објекти, водоводна мрежа во овие села, да се стави натпис со предупредување на жителите дека водата не е за пиење поради отсуство на резидуален хлор и да се изврши здолжително хлорирање на водата. По нареденото со ова решение Костадинов и Општина Струмица немаат постапено, по што АХВ како одговорна институција, на 26.02.2024 година, до Основниот суд во Струмица, поднела барање за поведување на прекршочна постапка - се истакнува во нивната реакција.
Потоа додаваат дека АХВ нема да ја коментира судската одлука, но, „Градоначалникот на Општина Струмица за кој изборната кампања за локалните избори очигледно е предвреме почната, мора да биде одговорен пред сопствените граѓани и гласачи“.
- Да престане да ги лаже и манипулира како што тоа го направи во овој случај, а на жителите од селата Рич, Попчево, Белотино, Костурино и Вељуса чесно да им каже зошто минатата и предминатата година, како што стои и во одлуката на судот, ништо не презел за да им обзебедни питка, безбедна и согласно законските прописи, дезинфицирана вода за пиење - заклучуваат на крајот.
Реакциајта доаѓа по вчерашната објава на градоначалникот на Струмица за судската пресуда за водата за пиење.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




