„Другата страна на политиката“ ја објави поканата до Пендаровски
Објавено во: Македонија 18 Април, 2019 13:34
„Другата страна на политиката“ по заедничкото интервју со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река во кое не учествуваше Стево Пендаровски објави демант дека третиот учесник на претседателските избори не бил повикан на истото и ги прикажа поканите.
- Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Во таа насока СЕ ОГРАДУВАМЕ од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти.
Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати.
На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски сеуште е отворена - објавија од

Пендаровски претходно реагираше дека не добил никаква покана за интервју од „Другата страна на политиката“, откако Силјановска напиша дека тој не прифатил да дојде.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




