ДРУГИТЕ САКААТ ПАСАТИ И ШКОДИ - Рамиз Мерко со најскапо ауди од 66 илјади евра
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020 16:06
Кога се државни пари, многу полесно се трошат, отколку ако се приватни.
Тоа го докажале државните институции кои во последните две години изарчиле 8,1 милиони евра народни пари, за купување на 392 нови патнички автомобили.
До овие податоци преку своето истражување дошол Центарот за граѓански комуникации.
Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30.000 евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, и тоа 46 пасати, од кои секој вредел по 39.000 евра. Сепак, најскапото возило го купила Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Просечната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра.
Функционеите најмногу сакаат Шкода и Фолксваген. Безмалку половина од новите возила се од овие производители. Меѓу Флоксвагените омилен е Пасатот е меѓу Шкодите Октавијата.
„Конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и да не постоела. Дури на 71 отсто од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава. Ова го отвора сомнежот дека државните институции доминантно си купувале такво возило какво што сакале“, се наведува во соопштението на Центарот за граѓански комуникации.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




