ДРЖАВАТА ДА ГО ГАРАНТИРА КУПУВАЊЕTO НА СОПСТВЕН ДОМ ЗА МЛАДИ ЛИЦА – опозиционерите со нов закон, ќе биде ли прифатен?
Објавено во: Економија 26 Август, 2025 09:42
Ќе прифатат ли владините пратеници, државата да го помага купувањето на сопствен стан, или дом за младите лица? На предлог на опозицијата во Собрание е доставен Закон за државна поддршка при купување на прв дом за млади лица.
Согласно она што е посочено во законското решение, се предлага Министерството за финансии да ја презема обврската, како гарант, да ги измири побарувањата на банките настанати врз основа на одобрените кредити за финансирање на младите при купување на првата станбена недвижност, во согласност со договор за гаранција, склучен помеѓу Министерството и банките, и со овој закон.
Предлагачите, кои доаѓаат од редовите на опозициската Левица, посочуваат дека гаранцијата ќе се издава во корист на банките, а министерството ќе ја исплаќа по спроведена ревизија откако банката ќе докаже дека ги презела сите можни мерки за наплата, вклучително и реструктуирање на долгот, а не веднаш по прв повик.
Со законот предлагаат, рокот на важност на гаранцијата да биде десет години од моментот на одобрување на кредитот на корисникот. Според нив, вкупниот износ на кредитите покриени со гаранција ќе го одредува Владата, врз основа на стручна процена имајќи ги предвид демографските статистики за млади лица.
Според одредбите од Законот, Министерството во име на државата ќе дава гаранција до 95 отсто од главнината на одобрениот кредит на младо лице за прва станбена недвижност, но не повеќе од 100.000 евра по лице.
Меѓу другото се предлага Министерството да издава Индивидуална гаранција како средство за обезбедување на побарувањето на банката според договорот за кредит под услов, корисникот на кредитот да е од 18 до 35 години во моментот на поднесување на барањето за кредит.
Исто така рокот на отплата да е до 40 години, или пократок, со грејс периодот најдолго од 12 месеци од моментот на ослободување на кредитот по девизен курс. Се предлага учеството во кредитот да е 5 отсто, а на барање на корисникот може да биде и поголемо, годишната каматна стапка не е повеќе од 3 проценти во текот на целиот период на отплата, но и да е предвидена предвремена отплата на кредитот целосно или делумно без провизии.
- Домувањето како едно од основните човечкови права и потреби е предмет на уредување на бројни меѓународни документи и како такво е прифатено од страна на Обединетите нации. Правната сигурност во домувањето, правото на почитување на приватноста и семејниот живот, домот и мирното уживање на сопственоста се меѓународните вредности, кои обезбедуваат пристап кон соодветно домување, како здраво, безбедно и финансиски достапно, односно меѓународно признато - адекватно домување. Секоја демократска држава е должна да обезбеди добар квалитет на живот за своето население и да има добри стандарди за домување– се напоменува во предлогот.
Според нив, преку државна интервенција се предвидуваат поволности со кои младите ќе можат да дојдат до економски средства за купување на свој дом потребен за живеење при формирањето на ново семејство, притоа со олеснителни и поволни околности во однос на износот на учество, рокот на плаќање итн.
Од партијата посочуваат дека целта на овој закон е државна интервенција во однос на решавање на социјалните, економските и демографски проблеми на државата, со преземање на активна улога во решавање на прашањето за домување, во функција на јавно добро и долгорочна одржливост на населението.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





