19 Декември, 2025
0.0500

Листата на даночни должници се полни со фантом-фирми кои украдоа милиони евра од државата преку поврат на ДДВ

Објавено во: Економија 23 Декември, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Фирми за кои јавноста дозна дека со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ од буџетот, за речиси истата вредност се најдоа како должници на последната листа на неплаќачи на данок што ја објави Управата за јавни приходи.

Ова најверојатно значи дека државата и натаму си ги бара парите назад и не може да ги наплати, ставајќи ги овие фирми како неплаќачи на листата на должници „за долгови доспеани до 31.08.2024 година и неплатени до 30.11.2024 година“, ажурирана на 12 декември.

Во последната афера со фиктивен поврат на ДДВ, три фирми го изиграа системот за над 2,6 милиони евра. Аферата ја најави и потоа ја обелодени претходната директорка на УЈП, Сања Лукаревска. Со лажни фактури прикажувале голем обрт на купена и продадена нафта, па потоа повлекле пари за фиктивно платениот ДДВ.

Последна фирма што е објавена на најновата листа на должници на УЈП, а претходно беше објавена во јавноста, е „Шутало'“ со речиси 80 милиони денари непплатени за ДДВ. Неколку месеци на листата е и „Антик Оил“, за која беше обелоденето дека е дел од лажните нафтени компании кои го измамиле системот. „Антик Оил“ кој имал ист газда и иста адреса со „Шутало“ должи исто така 80 милиони денари, од кои 59 милиони за ДДВ и 21 милион по други основи.

Сумите се поклопуваат со оние кои беа објавени од УЈП при обелоденувањето на аферата. Беше обзнането дека се три компании кои работеле во регионот на Липково и Куманово. 

„Првата фирма во истрагата, откако со фиктивни фактури се обидела да врати 79.350.190 денари ДДВ, го сменила сопственикот, на државјанин од Хрватска. Втората фирма под истрага, откако се обидела да изнуди 26.090.205 денари, ја променила сопственоста на косовски државјанин. Третата фирма која имала ист почетен сопственик како и првата откако креирала фиктивни повратни фактури на ДДВ во износ од 54.676.727 денари, го преименувала сопственикот со друг државјанин на Косово“, рекоа тогаш од УЈП.

Од таму беше кажано дека доказите уште од крајот на минатата година се испратени до Основното јавно обвинителство, МВР и Управата за финансиска полиција. Засега од УЈП молчат и не кажуваат конкретно, додека трае истрагата, зошто овие фантомски фирми кои на нечесен начин добиле пари од државата, сега се на листата на должници за неплатен ДДВ. Од таму нема одговор колку вакви фантом фирми има на листата на која има околу 5.000 правни и физички лица.

„Во однос на вашите прашања, кои се однесуваат на фирмите кои преку фиктивни измами добиле поврат на ДДВ и сега треба да ги вратат тие пари како даночни должници, Ве известуваме дека за сите случаи каде што има утврдени неправилности, а за кои постои интерес во јавноста, сè уште се во тек даночни контроли или постапки пред истражни органи, за што УЈП во моментов не може да изнесува детали“, гласи одговорот што го добивме.

На врвот на листата на должници, односно на првата и втората позиција, и натаму се „Окитна“ од Струмица и „Хант Осој“ од Босилово од кого се бара да вратат 25 милиони евра. И за овие две фантомски фирми тогашната опозиција тврдеше дека со фиктивни измами ги добиле парите од државата за поврат на ДДВ, а сега и натаму се на листата на должници. Ова по логика значи дека парите не се вратени, а иако се промени власта, никој досега не понесува одговорност за ваква огромна штета. За овие фирми беше објавено дека биле основани од лица блиски до струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, а потоа предадени на управување на косовски сопственици.

Претходно и самиот премиер Христијан Мицкоски рече дека поради проверки и построга контрола доцни исплатата на повратот на ДДВ кон фирмите, бидејќи парите на граѓаните завршуваат во приватни џебови на бизнис субјекти со непостоечки газди од соседството.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии