23 Декември, 2024
0.0256

ПО МАЛО ЗАТИШЈЕ, „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ ПОВТОРНО „ЗДРМА“ СО ДВА БЛОКА - продадени 3,32 отсто за 2,7 милиони евра

Објавено во: Економија 23 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

По своевидно затишје, денеска повторно поминаа блок трансакции со акциите на „Македонијатурист“. 

Станува збор за два блока, преку кои во првиот за однапред познат купувач беа продадени 1,55 отсто од акциите, а во втората блок трансакција беа продадени, исто така за однапред познат купувач, акционерски пакет од 1,77 проценти. 

Вкупната сума на блоковите е 2,7 милиони евра. Она што е заедничко за двата блока е и поединечната цена по која беа продадени акциите, а таа изнесува 11.070 денари за акција. 

Засега нема информации дали и во двата блока купувачот е исти или различен, а тоа ќе се знае дури наредниот понеделник, откако ЦДХВ ќе ги ревидира сопственичките структури во компаниите, или попрецизно кај акционерите со над 5 отсто од сопственоста.  

Да одиме со ред. Во првиот блок беа продаденби 7.000 акции по цена од 11.070 денари за акција, или за нив се постигна сума од 1,26 милиони евра, и овде станува збор за пакет од 1,55 проценти од акционерскиот капитал на оваа хотелиерско-угостителска компанија. 

Во вториот блок, пак, продадена е количина од 8.000 акции, што од основната главнина на компанијата е процент од 1,77 проценти. Акциите се продадоа по 11.070 денари по акција, односно за нив купувачот плат сума од 1,44 милиони евра.

Или, вкупниот процент на акции кој помина изнесува 3,32 отсто, и за нив вкупно беа платени 2,7 милиони евра. 

Последната продажба на акции на редовниот берзански пазар била на 13 декември, кога цената изнесувала 8.885 денари за акција. 

Фактор денеска пишува дека група мали акционери во „Македонијатурист“ писмено ја информирале Комисијата за хартии од вредност (КХВ), надлежно државно тело што го регулира пазарот за хартии од вредност, дека Доне Таневски, претседател на Надзорниот одбор, ги изманипулирал при продажбата на нивните акции во најголемата хотелиерска компанија во Македонија.

Акционерите меѓу кои има вработени и пензионери бараат од КХВ да го испита случајот во кој го обвинуваат Доне Таневски дека нив ги убедувал акциите да ги продадат по цена од 9.500 денари за акција, а неговите акции ги продал по цена повисока за 4.000 денари. 

Доне Таневски, беше најголем акционер во „Македонијатурист“ и во два наврати (во ноември и во декември) продаде поголем дел од своите акции. И во двата наврати продажбите во блок трансакции беа по повисоки цени во споредба со цените по кои продаваа другите акционери во најголемата хотелиерска компанија. Всушност цените по кои Доне Таневски ги продаде акциите беа рекордните ценовни нивоа постигнати со таа акција во подолг период.

Инаку денеска, пред да се случат овие две блок трансакции, според состојбата на ЦДХВ, најголем акционер на Македонијатурист е Скопски пазар кој поседува 19,73 отсто од акциите, па следува Промедика со 11,45 проценти. Оваа состојба е откако се случија големите сопственички превирања во таа компанија. 

А, како што е познато, акции продаваше Доне Таневски, некогаш доминантен акционер и прв човек на тоа акционерско друштво, и тој сега е трети по големина акционер и поседува 10,69 отсто од акциите. 

После него е Симеон Павлов, со 10,47 проценти.

Пакет од 10 отсто има самата компанија како сопствени акции, М.Г. Фешн поседува 7,69 отсто и Чеза комерц располага со пакет од 6,22 проценти.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПАК ПОСКАПУВАЊЕ: Се зголеми вредноста на минималната кошничка

ПАК ПОСКАПУВАЊЕ: Се зголеми вредноста на минималната кошничка

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА, БЕНЗИНИТЕ НЕ - еве по кои цени ќе се продаваат горивата

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА, БЕНЗИНИТЕ НЕ - еве по кои цени ќе се продаваат горивата

Словенечка компанија ќе изнајмува 100 електрични возила во Скопје преку апликација

Словенечка компанија ќе изнајмува 100 електрични возила во Скопје преку апликација

ГРУПА МАЛИ АКЦИОНЕРИ ПРИЈАВИ МАНИПУЛАЦИЈА ДО КХВ! Дали раководството на „Македонијатурист“ ја зборувало вистината кога објави дека не поседува ценовно-чувствителни информации?

ГРУПА МАЛИ АКЦИОНЕРИ ПРИЈАВИ МАНИПУЛАЦИЈА ДО КХВ! Дали раководството на „Македонијатурист“ ја зборувало вистината кога објави дека не поседува ценовно-чувствителни информации?

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

Хонда и Нисан се спојуваат „за да преживеат“

Хонда и Нисан се спојуваат „за да преживеат“

НИТУ ИМАШЕ ВРАБОТЕНО СТРУЧНИ „НУКЛЕАРЦИ“, НИТУ ПРОРАБОТЕ ЗА ЦЕЛИ 14 ГОДИНИ - еве зошто Владата ќе ја затвора Националната агенција за нуклеарни технологии

НИТУ ИМАШЕ ВРАБОТЕНО СТРУЧНИ „НУКЛЕАРЦИ“, НИТУ ПРОРАБОТЕ ЗА ЦЕЛИ 14 ГОДИНИ - еве зошто Владата ќе ја затвора Националната агенција за нуклеарни технологии

На Трамп му се прескапи услугите на Панамскиот канал, се закани дека ќе го преземе

На Трамп му се прескапи услугите на Панамскиот канал, се закани дека ќе го преземе

Д-р Нина Ангеловска во „Бизнис-клуб“: Промените во нашата земја се многу тешки, без разлика дали се прават однатре во институцијата или однадвор во кој било сегмент

Д-р Нина Ангеловска во „Бизнис-клуб“: Промените во нашата земја се многу тешки, без разлика дали се прават однатре во институцијата или однадвор во кој било сегмент