11 Октомври, 2024
0.0257

Државата инвестирала само 900.000 евра во изградба на станови за продажба

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Државата преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од  продажба на станови, гаражи и подруми во објекти во изградба очекува годинава да наплати 255 милиони денари, или околу 4,2 милиони евра, според објавената програма за 2024. Со овие пари, како и со другите приходи, планира да ја финансира понатамошната изградба на другите инвестиции.

Годинава планирани се 112 станови во зградата во Центар кај „Даре Џамбаз“, каде што, како што е познато од претходно, веќе овие недвижнини се продаваат во изградба.  Од комерцијалната зграда за која се покажа голем интерес, веќе се продадени првите 70 станови на крајот од јануари, со почетна цена од 1450 евра по м2 на лицитација.

Ќе се гради и зграда со 111 станови во Чаир. Во годишната програма предвидена е работа и на три згради во Битола и две во Охрид. За овие изградби во 2024 ќе бидат потребни 430 милиони денари, што е 7 милиони евра. Станува збор за 549 станови со вкупна површина 33.830 метри квадратни. 

„Завршување и предавање во употреба на објектите се предвидува во текот на 2025- 2027 година. Досегашниот напредок на овие објекти изнесува 4 отсто, во 2024 година ќе се реализираат 22 проценти, а останатите 74 отсто ќе се реализираат во 2025-2027 година“, посочува акционерското друштво во програмата.

За да се изградат овие згради до сега се инвестирани само 84 милиони денари (900.000 евра), а ќе бидат потребни уште две милијарди денари (32,6 милиони евра) за нивно завршување.

„Вкупното чинење на изградбата на објектите со станбен и деловeн простор наменет за продажба изнесува 2.074.426.792 денари без ДДВ. До крајот на 2023 година вложувањата за изградбата на овие објекти изнесуваат 84.243.125,00 денари без ДДВ, а потребните средства за целосно завршување изнесуваат 1.990.183.667,00 денари без ДДВ од кои во 2024 година ќе се вложат средства во висина од 428.862.436,00 денари без ДДВ, кои ќе ги финансира Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје. Останатите 1.990.183.667,00 денари ќе се вложат во текот на 2025-2027 година. Станбениот и деловниот простор наменет за продажба се очекува да биде завршен со градба во текот на 2025-2027 година“, порачува друштвото.

Долгорочно, за продажба планирани се три згради во Дебар Маало, две во Карпош и една во Кисела Вода, но и на други места.

„На територија на Република Северна Македонија во следниот период се планира изградба на вкупно 78 нови објекти со станбен и деловен простор наменет за продажба со вкупно 3.021 стана со вкупна површина од 191.960,40 м2, деловен простор со вкупна површина од 34.278,62 м2, гаражи со вкупна површина од 40.899,71 м2 и подруми со вкупна површина од 3,493.86 м2 . Изградба на објектите се предвидува во 2025 - 2028 година. Станбениот и деловниот простор ќе се продава по пазарни продажни цени и тоа 100 отсто од продажната цена во тек на градбата“, забележано е во долгорочната програма.

За долгорочните проекти потребни ќе бидат 80 милиони евра, а досегашните вложувања се само 250.000 евра. За 2024 воопшто не се предвидени пари за оваа програма.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИ МАРКЕТИ ГИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНТЕ: Поведена е постапка против овие продажни ланци во Србија

ЧЕТИРИ МАРКЕТИ ГИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНТЕ: Поведена е постапка против овие продажни ланци во Србија

ЦЕЛАТА ДОБИВКА ЈА РЕИНВЕСТИРАМЕ, СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЧУДАТ КАКО ТАКА БРЗО СЕ РАЗВИВАМЕ: Сопственикот на „Актива“ раскажа зошто се толку успешни

ЦЕЛАТА ДОБИВКА ЈА РЕИНВЕСТИРАМЕ, СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЧУДАТ КАКО ТАКА БРЗО СЕ РАЗВИВАМЕ: Сопственикот на „Актива“ раскажа зошто се толку успешни

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција - Новите промени можат да ги соборат традиционалните превозници

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција - Новите промени можат да ги соборат традиционалните превозници

КОЛКУ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ „ПОТИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД ИЛАЈДА ЕВРА? Еве што велат бројките за 28, 37 и 45 години работа во Германија

КОЛКУ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ „ПОТИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД ИЛАЈДА ЕВРА? Еве што велат бројките за 28, 37 и 45 години работа во Германија

КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, ЌЕ СФАТИТЕ ЗОШТО Е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: Еве каков е животот таму

КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, ЌЕ СФАТИТЕ ЗОШТО Е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: Еве каков е животот таму

ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

ВНИМАТЕЛНО: „Рејнар“ воведува новини кои можат да ве удрат по џебот!

ВНИМАТЕЛНО: „Рејнар“ воведува новини кои можат да ве удрат по џебот!

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

ЕВЕ КАКО СЕ ЗАГРЕВААТ ШВЕЃАНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕДЕНИТЕ ЗИМИ: А сепак не добиваат астрономски сметки за струја и парно

ЕВЕ КАКО СЕ ЗАГРЕВААТ ШВЕЃАНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕДЕНИТЕ ЗИМИ: А сепак не добиваат астрономски сметки за струја и парно