ДРЖАВАТА ИЗДАВА НОВИ ОБВРЗНИЦИ – ќе позајмува 15,5 милиони евра за камата од 3,95 и 5,10 отсто, еве ги деталите
Објавено во: Финансии 17 Октомври, 2025 07:43
Инвеститорите од вчера имаат нова можност за купување државни обврзници со камата од која може добро да се офајдат, особено со вторите обврзници.
Со новите обврзници државата треба да собере околу 15,5 милиони евра, а каматата на обврзниците, особено на вторите привлекува внимание. Имено едната група обврзници ќе носи камата од 3,95 проценти и ќе доспеваат за две години. Додека втората група на обврзници ќе имаат камата од 5,10 проценти, и ќе доспеваат за 15 години
Согласно објавата на Македонска берза, на подсегментот Берзанска котација, ќе бидат примени две нови емисии на државни обврзници издадени од Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Станува збор за државни хартии од вредност без девизна клаузула, односно со исплата во денари, кои се со различни рочности и каматни стапки.
- Ве известуваме дека согласно барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 16.10.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници – се посочува во објавата.
Согласно објавата
на берза, новите обврзници без
девизна клаузула ќе
достигнуваат вредност од 340.050.000 денари ( 5,5 милиони евра), и ќе бидат
издадени 34.005
хартии од вредност. Номинална вредност на една обврзница е 10.000 денари, со датум на издавање: 09.10.2025. Нивниот датум на достасување е за две години односно на 09.10.2027. Каматна
стапка за овие обврзници е 3,95 проценти.
Вториот тип на државни обврзници исто така без девизна клаузула
има уште поголема вредност. Имено вредноста на вториот тип на обврзници достигнува
554.300.000 денари или 9 милиони евра. Во оваа емисија ќе
бидат издадени вкупно 55.430 хартии од вредност, а како и претходните номиналната вредност на една обврзница достигнува 10.000 денари.
Датумот на издавање е ист, 09.10.2025, но датумот на достасување е многу подолг односно на 09.10.2040. Затоа каматна стапка за овие обврзници достигнува 5,10 отсто.
П.О.Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




