08 Декември, 2025
0.2155

Државата ќе враќа општински долгови, одговорност од градоначалници нема

Објавено во: Економија 23 Октомври, 2018 07:15

Добивај вести на Viber

Владата им дава на општините на располагање 50 милиони евра за да си вратат стари долгови, а според законот кој вчера помина на владина седница секоја општина ќе добие неповратни средства за да покрие 51 отсто од пријавените обврски. Додека се тврди дека ова е значајна поддршка и поттик за општините, дел од аналитичарите велат дека на ваков начин се толерира неодговорното работење. Од Центарот за економски анализи (ЦЕА) велат дека со мерката се праќа сигнал дека се исплатуваат незаконските дејствувања, неодговорното работење и немањето на отчетност.

„Економските субјекти се изложуваат на нефер и дискриминаторска положба во однос на државата. Се креираат пазарни девијации на пазарот на капитал.

Ваков инструмент води кон синдикализирање на трошоците од неодговорно работење на избрани и именувани функционери. Кога се синдикализира трошокот од неосигурани ризици се креира неодговорност (moral hazard). Имено, знаејќи дека ќе поминат без соодветна казна за неодговорно работење со даночните средства на граѓаните се креира ситуација на отсуство на секаква грижа за управување со ризиците соодветно на можностите и ресурсите на општините од страна на неодговорните Градоначалници. Трошокот за неодговорното работење во заробената држава паѓа на товар и на оние кои не се одговорни за неодговорното и надвор од законот работење, велат од ЦЕА.

Оттаму сугерираат Министерството за финансии да направи анализа како настанале долговите и да повика на одговорност, а да се вклучи и Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство.

Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера рече дека Владата ќе воспостави механизам за спречување на акумулирање на долгови во иднина. Се предлагаат измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со воспоставување на фискално правило за планирање на сопствените приходи на основниот буџет на единиците на локалната самоуправа.

„Преоптимистичкото планирање на приходите е една од причините поради кои општините креираа неизмирени обврски во претходните години. Со предлог измените на Законот се воведува ограничување при планирање на сопствените приходи на основниот буџет на општините, во смисла истите да може да се планираат со пораст од најмногу 10% од просечно остварените приходи во последните три години, според податоците од трезорската евиденција. Во однос на истото се предвидени исклучоци само доколку општината има обезбедено потврда за трансфер на средства од соодветна институција за реализација на проекти во општината, рече Тевдовски

Заклучно со 30 септември годинава, електронскиот систем за евиденција на Министерството за финансии забележал стари пријавени доспеани, а неплатени обврски, во износ од 18,817 милијарди денари. Ова е за 3,527 милијарди денари помалку во однос на обврските пријавени со пресечен датум 31 мај 2017 година. Намалувањето се должи на намалувањето на неплатените обврски кај буџетските корисници на национално ниво во износ од 3,6 милијарди денари во споредба со мај 2017 година.

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли