11 Декември, 2025
0.0443

ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ВРАЌА 50 МИЛИОНИ ЕВРА: Стигаат одговори до Министерството за финансии за солидарниот данок

Објавено во: Економија 01 Декември, 2025 10:10

Добивај вести на Viber

Државата уште чека повратни одговори од компаниите за тоа дали се согласуваат наплатениот солидарен данок, кој потоа како законско решение падна на Уставен суд, да им го врати на две рати - еднаш во март 2026 и еднаш во март 2027.

Неофицијално, дознаваме дека „Макстил“, кому му се должи најмногу како на најголем уплатувач на овој вонреден кризен данок, се согласил да ги почека ратите затоа што има добри резултати во тековната година, но останува да се види какви ќе бидат реакциите на другите даночни обврзници кои сега се побарувачи.

Уставниот суд во февруари донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок кој го воведе Владата на Димитар Ковечевски во 2023, кој веќе не важи. За неважечкиот закон кој служеше едноократно, државата сега ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании, кои во еден наврат им ги наплати затоа што имале голем скок во добивките во текот на енергетската  и ковид кризата.

Иако Уставниот суд ѝ даде на државата рок од пет години да ги врати парите, стопанствениците ги побараа назад што е можно побргу, бидејќи како што рекоа, тие имаа рок од само неколку месеци да уплатат милионски износи. 

Од Министерството за финансии нема конкретен одговор дали се предвидени пари во предлог-буџетот за 2026 за враќање на солидарниот данок, туку само коментар дека во тек се доставувањата на одговори од компаниите за тоа дали е прифатлив предлогот за двократно раздолжување.

- Министерството за финансии постапува по задолжение на Владата согласно одлуката донесена од страна на Уставниот суд од 5 февруари 2025 година.
Согласно задолжението на Владата беше доставено писмо со предлог до компаниите, средствата да бидат исплатени на две рати, односно првата исплата да биде на март 2026 година, втората исплата да биде во март 2027 година без дополнителни побарувања од страна на даночните обврзници.
Компаниите доставуваат одговори во кој се изјаснуваат за предлогот доставен од Министерството за финансии и согласно договореното ќе се превземат натамошни дејства за започнување на постапката за враќање на средствата. Во 2023 година врз основа на Законот за солидарен данок156 компании уплатија во Буџетот околу 3 милијарди денари, ни рекооа од Министерството за финансии.

Законот за дополнително оданочување со солидарен данок падна на Уставен суд најмногу поради ретроактивноста со што се нарушуваше принципот на правна сигурност, и се сметаше дека удира врз конкурентноста на домашните компании.

А.К.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции

Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?

Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината

СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата

СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата

ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата