ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО ХУМАНА МИСИЈА
Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2018 16:56
Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, Државна видеолотарија на РМ денес беше местото каде паралелно се реализираа неколку хумани активности: крводарителна акција, донација во храна и облека за социјално загрозените групи.
Државна видеолотарија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје, претпладнево во своите простории реализираше крводарителната акција, во која вработените даруваа крв. Акцијата која започна во 9 часот, планираме да стане една убав хуман настан кој редовно ќе го одржуваме. На настанот свој придонес даде и летечкиот шампион Игор Стефановски Иџе кој ги поддржа вработените на Државна видеолотарија во дарувањето крв.
Пред заокружувањето на годинава, како дел од нашата хумана мисија, одлучивме уште еднаш да ја поддржиме и солидарноста на екипата на „Ретвитни оброк“, преку донација во прехранбени продукти, со цел да овозможиме социјално загрозените да го задоволат своето основно право, правото на храна.
Хуманитарните активности денес ги финализиравме со донација на облека, која ќе биде дистрибуирана до ранливи групи на семејства.
Со овие активности, сакаме да ја негуваме и поттикнуваме солидарноста и одговорноста на нашите вработени, со цел и ние како компанија да дадеме свој придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




