18 Декември, 2025
0.0523

„Државни патишта“ вработи 143 инкасанти за наплата на патарина

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие „Државни патишта“ на неопределено време вработи 143 инкасанти за наплата на патарина, по огласот што го објави пред крајот на минатата година.

Одлуката за избор на кандидатите со имиња и презимиња е објавена на веб-страницата на јавното претпријатие пред десетина дена. Од ЈПДП велат дека конечната ранг-листа е направена според претходно разгледување на доказите за задоволување на условите и направените интервјуа со кандидатите.

Станува збор главно за досегашни инкасанти на наплатните пунктови за патарина, кои со години „државни патишта“ ги плаќаше со привремени договори и so нивно продолжување.

Во меѓувреме бројот на инкасантите се зголеми со потребата од повеќе патарини на новите автопати Смоквица - Демир Капија и Миладиновци - Штип. Овие работници немаа решенија на неопределено време и трошоците за нивна исплата се водеа под посебна ставка во сметководството на јавното претпријатие.

На огласот за 143 вработувања, беше предвидено на неопределено време да се вработат 66 Македонци, 58 Албанци, деветмина Турци, петмина Роми, еден Влав, двајца Бошњаци и уште двајца од други националности.

Кандидатите што се бараа требаше да се со најмалку средно образование. Работното време е распоредено во две смени и трае 12 часа, од 7 до 19 часот и од 19 до 7 часот наредниот ден. Основната плата што ја нудеше ЈП за државни патишта во огласот изнесува 26.220 денари. Рокот за пријавување на кандидатите беше 15 дена.

Директорот Ејуп Рустеми, на презентацијата на резултатите што ги остварило ова државно претпријатие, се пофали дека ланската година требало да заврши со рекорден приход од 62 милиони евра од наплата на патна такса.

„Поточно, годинава имаме 100 проценти зголемување на приходите од патарина за разлика од пред три години. Како споредба, во 2020 година од наплатени средства по основ на наплата на патарина остварен е вкупен приход во висина од 34 милиони евра, во 2021 година од над 46 милиони евра, во 2022 година износот е веќе над 53 милиони евра и оваа година ќе ја завршиме со 62 милиони евра“, рече тој.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје