Државниот секретар на САД денеска во посета на нашата земја
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019
Мајк Помпео, државниот секретар на САД, денеска ќе ги посети Црна Гора и Македонија во еден ден. Според најавите, вториот по ранг државен функционер на САД треба да слета на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“
Во Северна Македонија Помпео ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. Потоа заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис и шефот на дипломатијата Никос Дендиас.
Стево Пендаровски, шефот на македонската држава, претходно рече дека посетата на Помпео значи и најава за зголемување на американското присуство на Балканот и дека тој повеќе доаѓа да оддаде признание за Македонија во прогресот во зачленувањето во НАТО отколку што носи пораки што треба да се исполни во иднина...
- Мислам дека е добра (посетата) од неколку аспекти. Последната посета на тоа ниво се случи пред 19 години од страна на Колин Пауел. Ова не е куртоазна посета. Според државите кои ги посетува - Италија, Црна Гора, кај нас, па завршува во Грција, значи дека не доаѓа во регионот да се разрешуваат предизвици, туку да им оддаде признание на тие што делуваа со својот пример. Неговата посета е симболика на враќање на голема врата на САД на Балканот. Клучни прашања во нашата земја беа решени со поддршка на САД и не можат да бидат решени ако САД не е вклучен во тие процеси, рече Пендаровски претходно кога во официјална посета на Скопје беше црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Американскиот државен секретар во Охрид ќе ја посети црквата Св. Богородица Перивлепта, која е една од најстарите во Македонија и потекнува од 13 век, а за нејзино конзервирање до сега САД има донирано околу 650.000 долари.По пауза од речиси две децении ова ќе биде прва посета на еден американски државен секретар во земјава, по онаа на Колин Пауел за време на кризата во 2000 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.