22 Ноември, 2024
0.0299

ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ „НЕМИ“ НА БАРАЊАТА НА ГРАЃАНИТЕ – Над 300 жалби поради молкот на администрацијата

Објавено во: Македонија 29 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Државни институции, општини, јавните претпријатија и судството се инситуциите против кои се поднесени најмногу поплаки заради непочитување на законскиот рок за обезбедување информација од јавен карактер. Најголем дел од поплаките се однесуваат на „молкот“ на инситуциите, за кои се поднесени над 60 проценти од поплаките до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Иако притисокот за транспарентност и отчетност на државните институции се зголемува, сепак, и понатаму отсуствува целосна отчетност пред граѓаните. Ова го покажува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за 2022 година. Агенцијата е задолжена за имплементација на законите од областа, а носи и решенија по жалбите доставени против институциите кои останале „неми“ на барањата на граѓаните и здруженијата.

Најголем дел од жалби се против државни институции на централно ниво -151, против општини -114, па следуваат јавни претпријатија и установи -18..

-  Во текот на 2022 година, Агенцијата како вторстепен орган во управната постапка, постапи по 343 предмети, согласно своите надлежности, во законски предвидените рокови. По спроведени анализи и сумирани резултати впечатлив е фактот кој укажува на се уште пристутната, но секако неприфатлива, пракса, а тоа е дека најголемиот број од поднесените жалби до Агенцијата, односно 211 жалби, или 61,51 проценти се случаи во кои имателите на информации не постапувале по поднесени барања, во законски пропишаните рокови (20 дена по поднесено барање, или 30 дена доколку со барањето се бара обемна информација), односно поради „молчење на управата/администрацијата“. Агенцијата вложува големи напори за да го истакне значењето на проактивната транспартеност и објавувањето на информациите од страна на институциите – иматели на информации, а осбоено навременото постапување по барањата за информации од јавен карактер, односно се додека молчењето на управата, како на централно, така и на локално ниво, целсоно не биде елиминирано – се наведува во извештајот на Агенцијата.

Податоците покажуваат дека правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во 2022 година, според поведени жалбени постапки пред Агенцијата, е искористено од здруженија на граѓани, невладини организации, како алатка за остварување на сопствените програми за работа, а со цел постигнување транспарентност на институциите и овозможување на остварувањето на јавниот интерес и тоа 92 жалби (26,82 отсто). Притоа најголем број поднесени жалби отпаѓаат на: Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации“ – ЦГК од Скопје - 30 жалби, Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ – 18 жалби, Македонско здружение на млади правници – 14 жалби, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ – 13 жалби, Балканска истражувачка репортеска мрежа БИРН – 9 жалби, Здружението на граѓани „Фронт 21/24“ – 8 жалби.

Што се однесува пак до физичките лица, во текот на 2022 година, граѓаните најчесто се појавуваат како баратели на информации, односно како жалители, само во ситуации во кои посегнале по законските одредби на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер заради остварување на некои свои лични права и интереси, кои произлегуваат од други материјални закони, со кои се регулира различна правна материја.

-  Во најголемиот број случаи граѓаните законот го користат кога не се во можност да ги остварат своите права и да дојдат до за нив потребните информации и документи кои произлегуваат од матичните надлежности на институциите – имателите на информации кои не постапувале согласно закони со кои се служат при нивното работење и одлучување во одредена управна постапка. Исто така постоја случаи на жалбени постапки иницирани и од страна на адвокати, адвокатски друштва и правни лица, доставувани до Агенцијата со иста намена и со иста цел, а заради обезбедување на докази за одредена управна или судска потапка – појаснуваат од Агенцијата во извештајот доставен во Собрание.

Анализите кои ги прави Агенцијата покажуваат дека најголем дел од поднесените жалби се поради молчење на управата и тоа 211 жалби или 61,51 проценти. Потоа следуваат жалбите против решенија од иматели на информации 85 или 24,78 отсто, и трети се жалбите против одговор/известување од имателите на информации за што се поднесени 47 жалби или 13,07 отсто од вкупниот број.



Петранка Огнаноска

Фото: Pavol Svantner on Unsplash

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ТОШКОВСКИ: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство

ТОШКОВСКИ: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство