Државна Видеолотарија овозможи учество на млади хемичари на олимпијадата во тбилиси
Објавено во: Економија, Мои пари 29 Јули, 2016 08:00
„Ни преставува чест и задоволство повторно да дадеме поттик на младите таленти да го покажат своето знаење во меѓународни рамки. Државна Видеолотарија на РМ го препозна потенцијалот кај овие младинци, па затоа решивме да ги охрабриме и да ги поддржиме, слично како и минатата година, кога им овозможивме да бидат дел од Меѓународната олимпијада по хемија во Баку. Посакуваме и годинава во Тбилиси, да не престават достојно, а нивното знаење да отвори нови предизвици и вредности, кои ќе прераснат во убава идна насока на младите од земјава. Убаво е да се поддржуваат ваквите настани, затоа што тие даваат нова надеж. Сите овие меѓународни натпреварувања се придобивка која ќе придонесе за популаризирање на природните науки, во овој случај хемијата, меѓу младите луѓе.“- изјави првиот човек на Државна Видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски.
Македонија, досега учествувала четири пати на овој реномиран натпревар, кој годинава се одржува во Тбилиси во Грузија од 23 јули до 1 август. На натпреварувањето учествуваат ученици од повеќе земји. Менторите на македонската екипа, проф. Д-р Марина Стефова и доц. Д-р Миха Буклески од Институтот за хемија при Природно- математичкиот факултет, се сигурни дека овие млади луѓе се спремни и добро подготвени за да се покажат во најдобро светло на овој реномиран меѓународен натпревар по хемија за средношколци од целиот свет.
Државна Видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува да дава поддршка на младите и талентирани луѓе и во иднина, со цел да овозможи мотивирање на нови знаења. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме научно - образовните достигнувања, а воедно и ќе се залагаме нашите културни вредност да бидат преставени меѓу младите во светски рамки.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




