05 Декември, 2025
0.0347

Државни пари за 28 филмски проекти

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2013 19:57

Добивај вести на Viber

За тековната 2013 година Филмскиот Фонд на Република Македонија најави дека ќе финансира 28 филмски проекти од национален интерес. Според програмата, поддршка ќе добијата седум долгометражни, три малцински и осум краткометражни играни филмови, како и седум документарни и три кратки анимирани филмови.

Како што информираше денеска директорот на Фондот Дарко Башески, годинава имало исклучително квалитетен број пријавени проекти на конкурсот за филмска продукција за 2013 година.

„Покрај филмовите ќе бидат поддржани и сите промотивни активности на Фондот, ќе биде завршена и дигитализацијата на кино салите и дигитални проектори за двата големи фестивали „Браќа Манаки“ во Битола и „Синедејс“ во Скопје, најави Башески. Филови што ќе добијат пари од Филмскиот Фонд на Република Македонија

1. Анимираните филмови : „Кружно патување на Марето“ во режија на Жарко Иванов, „ХО“ на Иван Ивановски и „Момчето со скинатата чорапа во десната рака“ од Теона и Вук Митевски.

2. Документарните филмови: „Батко Ѓорѓија патува за Баграм“ во режија на Фросина Наумовска, „Музиката и езерото“ на Бесфорт Имами, „Последен отпор на странецот“ на Арбен Тачи, „Детето и светот“ на Гоце Цветановски, „Патот на локумот“ на Елизабета Конеска, „Зошто Јас“ на Сенад Абдули и „Мојот превртен свет“ на Петра Селишкар. 3. Краткометражни филмови:  „Долу од рајот“ на режисерот Саша Станишиќ, „Правила на уметноста“ на Сабедин Селмани, „Колор Негатив“ на Марија Апчевска, „Вампир“ на Игор Алексов, „Заседа“ на Филип Матевски, „Кукавици“ на Небојша Јовановиќ, „Кај изворот“ на Сабидин Али и „Гиза ЗОО“ во режија на Ахмед Гонеими.

4. Долгометражни играни филмови; „Аферата Мис Стон“ на Дарко Митревски и „Слобода или смрт“ на Владимир Блажевски, како и дебитантските „Крани“ на Ѓорче Ставревски „Земја на праските“ на Јане Ќортошев   „Безимени“ на Вардан Тозија, и „Незаборавена пролет во заборавено село“ на Осман Демири и Куштрим Бектеши. Со мали средства, ќе биде до поддржан и филмскиот проект „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски за завршување на постпродукција.

5. Малцински копродукциски проекти:  „Жената на мојот живот“ на режисерот Антониј Дончев од Бугарија, „Мирни луѓе“ на Огнен Свиличиќ од Хрватска и „Инферно“ на Винко Модерндорфер од Словенија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје