Добивај вести на Viber
Големи протести денеска во Грција. На улиците на Атина илјадници грчки општински службеници и наставници во јавните училишта протестира против намалувањето на работните места во државниот сектор. Делењето откази е една од мерките кои Владата ги вети со цел кастерење на трошоците што беше услов меѓународите кредитори да ја дадат на Грција следната транша од спасувачкиот пакет.
Претходно министрите за финансии од еврозоната најавија дека ќе треба да одлучат како да ја задржат платежната способност на Грција и се заканија дека ќе ја одложат траншата од 8,1 милијарда евра за земјата ако не ги намали трошоците.
Повеќе од 6 илјади вработени во администрацијате излегоа на протестниот марш до Министерството за административни реформи во центарот на Атина. Со извици „ Земете си го меморандумот и мавнете се оттука!“, демонстрантите се побунија против најавата за нови откази во администрацијата.
„Тие нема да успеат, ние ќе победиме“, соопшти Федерацијата на синдикатите на локалната администрација, која прогласи 24 часовен штрајк. Најголемиот синдикат на државните службеници АДЕДИ исто така организираше привремен прекин на работата во Атина.
Веќе подолг период Грција се обидува да ги убеди меѓународните кредитори, дека ќе може да ги исполни ветувањата и да го намали обемот на државниот сектор. Токму превработеноста во овој сектор и многумина Грци го сметаат за виновен за кризата во земјата.
Уште во јуни Атина вети дека ќе префрли 12.500 државни службеници во т.н шема за мобилност до септември, што значи дека тие ќе бидат префрлени или отпуштени во рок од една година.