ДС: Преку уцени за Буџетот, власта бара оправдување за одлoжување на изборите
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2016
Демократскиот сојуз сметаат дека партиите на власт, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, распуштањето на Парламентот го условуваат со претходно гласање за Буџетот.
Најавите дека на утрешната седница на Парламентот ќе се распушти истиот е нов притисок, без расправа да се донес Буџетот сметаат од партијата на Павле Трајанов. „Тоа јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ бараат оправдување да ги одложат изборите“, велат од ДС.
- Притиснати од граѓаните кои барат решавање на кризата преку промени на власта и одговорност за криминалот, партиите од власта со наместени анкети се обидуваат да се претстават во јавноста дека и натаму имаат голема подршка. Доколку имаа висок рејтин, немаше да има обид за одлагање на изборите и немаше со брутален притисок да ги полнат автобусите за присуство на денешниот партиски собир во Скопје, се вели во партиското соопштение.
Демократскиот сојуз бара на утрешната седница на Собранието на Република Македонија, прво да се изгласаат законите за Специјалното јавно обвинителство, потоа промените за Шестата изборна единица и на крај по одржана расправа да се гласа за Буџетот.