ДУБАИ ЧОКОЛАДОТО ЈА ПОЛУДЕ ЕВРОПА: Луѓе во редици чекаат и по 10 часа, на црниот пазар чини 300 евра!
Објавено во: Економија 19 Декември, 2024
Лудоста за Дубаи чоколадото е толку голема што шверцерите се многу зафатени, а во Македонија слаткарниците почнаа да го произведуваат ова познато чоколадо и да го продаваат по прилично високи цени.
За само две години, Дубаи чоколадото од локален деликатес стана глобален феномен за кој наголемо се зборува на Балканот и во Македонија.
Ова „вирално“ задоволство е создадено во 2021 година од британско-египетската претприемачка Сара Хамуда, комбинирајќи крем од ф'стаци и уникатен фил.
Чоколадото со кадаиф беше достапно само во Дубаи, но кога инфлуенсерката Марта Вехера сподели видео на TikTok, многумина ширум светот сакаа слатко уживање.
Денес, побарувачката ја надминува понудата толку многу што многумина почнаа да шверцуваат чоколадо од Дубаи.
Пекарот Али Факро од Берлин од прва рака ја видел лудоста за ова слатко. Неговата продавница започна со производство на сопствена верзија на чоколадото од Дубаи пред три месеци, црпејќи инспирација од оригиналот. Уште првиот ден направи 20 табли и ги продаде за неколку часа.
Вториот ден мораше да го зголеми производството на 50 парчиња, а побарувачката повторно беше голема.
Таблата чини 20 евра, што не е евтино, но купувачите се подготвени да платат се што е потребно.
Како што расте побарувачката, поединците прибегнуваат кон екстремни мерки за да профитираат што е можно повеќе.
Германските цариници неодамна пресретнале маж (31) кој се обидел да прошверцува 45 килограми Дубаи чоколадо од Швајцарија.
Чоколадо кое чини 15 евра во продавница на секундарниот пазар би можело да вреди околу 300 евра.
Швајцарскиот чоколаден гигант Lindt не можеше да одолее на овој тренд, па понуди своја верзија, која им беше претставена на германските клиенти во ноември.
Беа произведени само 1.000 парчиња, достапни во само 10 продавници, што предизвика многумина да чекаат во долги редици на студеното време.
Некои клиенти немаа проблем да чекаат 10 часа, а подоцна рекоа „секоја секунда вредеше“.
Додека едни уживаат, други гледаат можност за инвестирање.
Препродавачите обично купуваат повеќе парчиња и потоа ги продаваат по повисоки и повисоки цени.
Австриските цариници пребарале автобус на границата со Унгарија и пронашле 2.540 Дубаи чоколади, од кои секоја тежела по 200 грама. Се проценува дека вределе околу 52.000 евра. Шверцерите сакале да избегнат даноци и други давачки, но наместо тоа биле казнети со 4.000 евра.
Дубаи чоколадна лудост и во Македонија
Благодарение на TikTok, голем интерес за чоколадото од Дубаи има и во Македонија.
Секое чоколадо треба да се подготвува рачно, од топење до пакување, што го прави секое посебно на свој начин.
Во маркетите во Чаир и Бутел, само 50 грама од ова чоколадо се продава за 200 денари. Производство има и во некои познати слаткарници, каде за 100 грама од ова чоколадо се наплаќа и до 400 денари. Мајсторите за слатки велат дека цената е оправдана поради начинот на правење и квалитетните состојки, па се уверени дека нејзината популарност нема да опадне наскоро.
Инаку Дубаи чоколадото се прави со фил од кадаиф и крем од фстаци, прелиени со чоколадо.
Еуправозато* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.