ФАКТОР НА ДЕНОТ: Струјата минимално ќе поскапи од 1 јануари
Објавено во: Економија 18 Декември, 2024
СТРУЈАТА МИНИМАЛНО ЌЕ ПОСКАПИ
Претседателот на регулаторната комисија за енергетика,Марко Бислимовски, денеска објави дека крајната цена за домаќинствата од страна на универзалниот снабдувач од 1 јануари 2025 ќе се зголеми минимално за 0,92 отсто.
- Ккао пшто ветивме, просечната цена за домаќинствата се зголемува за 0,92 проценти. Тоа значи дека просечната сметка на едно домаќинство од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за само 22 денари, рече Бислимовски.
Струјата ќе поскапи минимално во сите четири тарифни блокови, а исто така минимално поскапува и таканаречената „евтина тарифа“ од 4,08 на 4,12 денари за киловатчас енергија.КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ИНСТИТУЦИИТЕ НЕ ГО КОНТАКТИРАЛЕ
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски во првата изјава по кривичната пријава која ја доби од полицијата за случајот „Лотарија“, за Алфа вели не направил ништо против законот. Вели дека секогаш работел во согласност со законите.
„Во однос на информациите кои што беа пласирани во јавноста, тие се информациите со коишто и јас единствено располагам, бидејќи не сум бил контактиран од институциите“, изјави Ковачевски.БЕЏЕТИ ГО ПОВИКА ГРУБИ ДА СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА
Во врска со бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби од Македонија, Блерим Беџети рече дека не знае детали, но го повика поранешниот сопартиец да се врати.
„Артан Груби веќе не е дел од ДУИ. Тој се повлече, пред партиските органи да донесат таква одлука“, рече денеска организацискиот секретар на интегративците и пратеник, Беџети во гостување во ТВ21.
Беџити вели дека ДУИ ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за црната листа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Верниците ги прават последните подготовки за одбележување на Свети Никола, но и самото славење низ годините претрпело некои промени.По подолг период, вчера се случи блок трансакција со акциите на Прилепска пиварница, една од поуспешните македонски компании.Сметките за електрична енергија веќе извесен период не стигнуваат на домашна адреса кај дел од домаќинствата . Потрошувачи од центарот на Скопје се жалат дека веќе неколку месеци не добиле сметка, по што биле исклучени од мрежа поради неподмирени долгови.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.