ТРАМП НЕ ГИ ПОКАНИЛ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: За еден од нив рече дека може да дојде
Објавено во: Свет 17 Декември, 2024
Покана за да присуствуваат на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп не добиле рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трамп кажа дека сепак, Зеленски може да дојде. Трамп би сакал на својата инаугурација да го види кинескиот претседател Си Џинпинг, кого го поканил на церемонијата во Белата куќа.
„Зеленски не го поканив, но… може да дојде“, изјави Трамп.
Тој постојано повторува дека ќе помогне војната во Украина што побрзо да заврши.
„Ќе разговарам со претседателот Зеленски, а ќе разговарам и со (претседателот на Русија Владимир) Путин бидејќи овој масакр мора да заврши“, вели Трамп.
Аналитичарите се плашат дека во мандатот на Трамп, Украина нема да продолжи да ја добива потребната воена и финансиска поддршка од Вашингтон и дека ќе биде принудена да преговара со Русија. Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.