ДУИ бара ослободување за Емин Бајрами: Косовски државјани патуваат несигурно во Македонија
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2025 09:26
ДУИ го осудува апсењето на косовскиот државјанин Емин Бајрами на 14 февруари на граничниот премин Блаце - Елез Хан, врз основа на потерница издадена од Србија преку Интерпол.
Како што соопштија од МВР, приведениот имал меѓународна потерница, но ДУИ оваа акција ја нарекува загрижувачка, бидејќи покажува дека граѓаните на Косово се чувствуваат несигурни секогаш кога патуваат во Северна Македонија.
Од ДУИ велат дека албанските претставници во актуелната власт покажуваат недостиг на влијание и се немоќни пред овие случаи.
„ Оваа опасна ситуација ги погодува не само Албанците од Северна Македонија, туку и граѓаните на Косово, кои се соочуваат со несигурност и неправда секогаш кога патуваат во нашата земја. ДУИ беше и останува цврсто на својот став дека налозите за апсење издадени од Србија преку Интерпол не треба слепо да се спроведуваат од северномакедонските институции. За време на нашето владеење со легитимно албанско претставување, спречивме вакви случаи и гарантиравме заштита на правата на косовските граѓани“, се вели меѓудругото во соопштението на ДУИ.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




