ДУИ го повика ВМРО-ДПМНЕ да реагира рационално, а не емотивно
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2017 15:05
ДУИ излезе со свој став откако од ВМРО-ДПМНЕ претходно посочија дека нема никакви услови за прифаќање на барањата за нов мандат на СЈО и воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија, што ќе значи и промена на уставот. ДУИ им порачаа на нив, но и на другите страни дека треба да се носат рационални, а не емотивни одлуки.
Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот Договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор, велат од ДУИ по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува предуслов за продолжување на евроатлантскиот пат.
Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот.
Од почетокот на политичката криза во земјата, Демократската унија за интеграција инсистираше на транспаренто затварање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање на одговорност.
ДУИ останува посветена за едно кохезивно општество, еднакво и интегрирано во евроатлантската заедница и ги повикува страните да делуваат со историска одговорност кон процесите со кои се соочува земјата и регионот при што треба да прават рационални а не емотивно поттикнати проценки“, стои во соопштението на ДУИ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




