ДУИ и Али Ахмети подготвуваат изненадување на 5 јуни
Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2021 08:19
Владеачката партија ДУИ вчера воп Липково ја започна постапката за избор на кандидати за градоначалници, но и за советници на годинешниве локални избори, а лидерот Али Ахмети најави име кое ќе биде „големо изненадување“ на 5 јуни.
Шпекулациите одат до таму дека в сабота кога ќе се прославува роденденот на ДУИ за градоначалник на Скопје заедно со СДСМ ќе биде номиниран кандидат Албанец.
„На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“, најави вчера Ахмети во Липково.Во прилог на ова одат и поставените билборди изминатиот период со зелена боја на кои пишува „Нешто големо доаѓа“. Оваа идеја и кампања се слични во мотивите со онаа пред ланските парламентарни избори во јули, кога ДУИ бараше прв премиер Албанец.
Инаку Еркан Арифи, актуелниот градоначалник на Липково, најверојатно ќе биде кандидат за уште еден мандат на чело на оваа општина на претстојните локални избори, што треба да се одржат во октомври.
Тоа го објави вчера самиот Ахмети кој потврди дека до Генералниот совет на партијатаќе го предложи Арифи за кандидат за градоначалник на Липково.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




