ДУИ ќе го блокира укинувањето на помошта за трето дете
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2018
ДУИ ќе го блокира најавеното укинување на помошта за трето дете најавена од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, дознава Алсат ТВ.
Предлогот на министерката внесе несогласување меѓу владините коалициски партнери, за што имало спротивставени ставови, објави Алсат-М.
Пратеникот Артан груби вчера веќе изјави дека СДСМ го изработил овој предлог без нивно знаење и дека же го стави на владина седница.
Прашањето, според извор на Алсат кој е дел од владиниот кабинет, ќе се решава на лидерско ниво. Интегративците во своите реакции, иако задоцнети, најавуваат дека предлогот нема да помине на влада и воопшто нема да стигне до законодавниот дом.