ДУИ ВО ОПОЗИЦИЈА НЕ Е ПОВИК ЗА ЕТНИЧКИ СУДИР: ВМРО-ДПМНЕ вели дека местото на партијата на Ахмети е во опозиција
Објавено во: Македонија 23 Август, 2025 15:51
ДУИ продолжува со манипулации и со злоупотреба на меѓуетничките односи за да ја прикрие вистината – дека нивното место во опозиција е резултат на демократската одлука на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставот на ДУИ.
„Изјавите на премиерот Мицкоски не се закана, туку потврда дека Македонија влегува во нова ера на еднаквост и правда, каде што нема недопирливи и привилегирани. Она што ДУИ го нарекува „поттик за етнички судир“ е всушност крајот на нивното 20-годишно владеење со корупција, клиентелизам и злоупотреба на етничката карта за лични привилегии“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија посочуваат дека ДУИ треба да разбере дека демократијата значи почитување на волјата на народот.
„Секој граѓанин – Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав, Ром или Бошњак – заслужува држава со силни институции и еднакви можности. Тоа е патот по кој Владата чекори. ДУИ треба да разбере: демократијата значи почитување на волјата на народот. А волјата на народот е тие да седат во опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ЧИСТИ КЛЕВЕТИ, НЕГОВАТА ВЛАДА ГО КРШИ УСТАВОТ: ДУИ реагира на изјавата на Мицкоски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




