05 Декември, 2025
0.0570

Дукат: Потрошувачите на млекото „Дукат“ во Македонија се безбедни

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2013 12:17

Добивај вести на Viber

Производителот на млекото „Дукат“ од Хрватска превентивно ги повлече од пазарот двете ограничени серии од трајните млека кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин, со што тие не претставуваат опасност за потрошувачите, стои во соопштението на компанијата. Едниот од двата производи кај кои прелиминарните контроли на надлежните органи во Хрватска покажале „минимални отстапувања од пропишаните дозволени количини“ на микотоксин - трајното млеко „Дукат“ со масленост од 2,8% во тетрапак пакување од 0,5 л., воопшто не се увезува во Македонија. Што се однесува до вториот производ -  трајното млеко „Дукат - лагано јутро“ со трајност до 25.04.2013, целокупната количина од оваа серија наменета за македонскиот пазар се наоѓа во магацините на увозникот, со што стопирана е неговата дистрибуција до продажните места. На ваков начин, овие производи не претставуваат никаква опaсност за потрошувачите во Македонија. За повеќе информации ве молиме посетете ја интернет страницата на компанијата „Дукат“ АД: www.dukat.hr Потрошувачите се безбедни, бидејки производите кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин се повлечени од пазарот. Извор на митоксиност е несоодветната сточна храна користена на сточните фарми. Дукат го запира откупот на млеко од сите фарми кај кои е утврдена зголемена концентрација на митоксин. Производите кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин претставуваат изолиран случај. Спорните производи се повлечени од пазарот и како такви не претставуваат опасност за потрошувачите. Причината за зголемено ниво на микотоксин во свежото сирово млеко кое се собира од домашните фарми е во несоодветната сточна храна – концентрираните смеси, а посебно во пченката, која произведувачите на млеко ја користат за исхрана на кравите во сопствените фарми. За да се спречи откупот на ваквото млеко и негова понатамошна обработка, Дукат А.Д. го запира откупот на млеко од сите фарми, кај кои се утврдува зголемена концентрација на микотоксин. Контролата на нивото на микотоксин во свежото сирово млеко кое се испорачува од млечните фарми е во надлежност на Ветеринарната инспекција при Министерството за земјоделство на Република Хрватска, а пропишана е со план на службени контроли. Со оглед на тоа дека се работи за пропишани контроли на Ветеринарната инспекција, но кои се со недоволна динамика, Дукат А.Д. уште при крајот на минатата година инвестираше во сопствени аналитички уреди на своите производни локации, кои ќе бидат ставени во употреба веќе во текот на наредните неколку денови, а со нив брзо и ефикасно ќе се контролира, меѓу другото, и нивото на микотоксин во млекото. Веруваме дека овој изолиран случај на сомнеж за зголемено ниво на микотоксин во домашното свежо сирово млеко ќе придонесе за унапредување на контролата на квалитетот на млечната сировина во Република Хрватска, а со тоа и за зголемување на сигурноста на потрошувачите. Повторуваме, сите спорни производи се повлечени од пазарот со одлука на Дукат А.Д. Оттаму, нашите потрошувачи можат да бидат сигурни во квалитетот и здравствената исправност на производите на Дукат. (Интегрален текст од соопштение на Дукат)

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје