29 Јуни, 2024
0.0259

ФАБРИКА ВО КРАТОВО И МЛЕКАРА ВО КОЧАНИ ОДАТ НА БАРАБАН - голем бој имоти низ државава на „распродажба“

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Повеќе типови на недвижен имот, деловен простор, производствени капацитети, производствен погон за млеко и млечни  производи, но и многу станови и куќи се продаваат од страна на комерцијалните банки. Најголем дел од имотите се продаваат поради неуспехот на нивните сопственици навреме да ги вратат земените кредити во одредена банка, па имотите биле преземени на основ на долгови.

Меѓу имотите кои се на продажба има фабрика за производство на брусни плочки и хартија од Кратово, која се продава по цена приближно до еден милион евра. На продажба е и погон за производство на челично решеткасти столбови и цинкара во Кичево за која се бараат 1,5 милиони евра.

Во Кочани се продава производствен погон за производство на млеко и млечни производи по цена од скоро 300 илјади евра. Повеќе детали за овие деловни објекти кои се продаваат од страна на комерцијалните банки на следниов линк.

Голем број имоти лоцирани во главниот град исто така се нудат на продажба. Има недвижен имот оквалификуван како деловен простор, но и зграда за производство на плочки. Се продава и недвижен имот во Тетово, Богданци, но и Струмица.

Забележливо е дека има и богата понуда на разни станбени објекти, од недовршени станови, па до разни куќи низ главниот град, но и низ цела држава.

Недвижностите кои се продаваат од страна на банките во нашата земја според упатените не спаѓаат во имот кој лесно се продава. Се случува дел од објектите да чекаат години додека да добијат нови газди, па имотите се појавуваат на списоците на банките за продажба подолг период.

За оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или листа од недвижнини кои ги продава.

Така на пример има стан во населбата Хром во Скопје со квадратура од 72 метри квадратни, како и куќа во Битола со 182 метри квадратни, а деталите овде.

Од нив, дел имаат и фотграфии од имотот кој го продаваат, дел нудат детали за имотот, како цена, квадратура и други податоци, но не сите. Поради ова, заинтересираните ќе треба да одвојат повеќе време за подетално да ги разгледат понудите на банките.

Меѓу понудите кои се прималиви и кои се на продажба на листите на банките е и деловен простор лоциран во Градскиот трговски центар, локал 8 на први кат со вкупна површина од 198 метри квадратни.

Најчеста причина за продажба на подвижен и недвижен имот од страна на банките е ненавременото исплаќање на кредитите, поради што банките пристапиле кон конфискација на нечиј имот кој бил ставен под закуп за подигање на кредитот.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ЈАВНОСТА ДОПРВА ТРЕБА ДА ДОЗНАЕ КОЈ СТОИ ПОЗАДИ ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, ГРАЃАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ НИШТО ОД ВЕТЕРНИОТ ПАРК“: Битиќи распали за најавената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ