19 Декември, 2025
0.0387

DUNA EVENTS со најдобро организиран настан во регионот

Исклучително признание за македонската компанија на RSVP Фестивалот во Загреб

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2017 13:13

Добивај вести на Viber

Дуна Настани (DUNA Events) е најдобриот тим за организација на корпоративни и интерни настани во регионот! Така вчера одлучи експертското жири на RSVP Фестивалот, како единствена годишна манифестација која што на регионално ниво ги собира компаниите што работат во сферата на организирање на настани.Тимот на Дуна Настани ја доби Првата награда во категоријата Најдобар B2B / B2C / Интерен настан, во конкуренција на Event компании од Хрватска, од Словенија, од Србија, Босна и Херцеговина и од Македонија. RSVP Фестивалот 2017 се одржа во вторникот и во средата, на 07 и 08февруари, во Загреб, Хрватска.

“Ова за нас е исклучително признание и многу сме горди на наградата, особено што е препознаен нашиот професионализам и посветеност помеѓу многу сериозни играчи во оваа индустрија во регионот. Ова признание дополнително ќе нè мотивира постојано да ги поткреваме границите на нашата креативност за проекти во Македонија, но и на пазарите во регионот и пошироко. Оваа награда,всушност ја добивме за организирање на повеќедневна манифестација надвор од границите нанашата земја, за интернационален клиент, која што се одржувашево Грција.” – изјави Љубица Бартуловиќ Лазаревска, Менаџер за организирање на настани во ДУНА Настани.

Наградата на RSVP Фестивалот 2017 е добиена за реализиран настан за меѓународен клиент - 12th FM World Anniversary. Притоа, Тимот на Дуна Настани организираше интернационален тренинг за лидерите на FM World од Полска и серија од настани со кои што се одбележуваше 12-тата годишнина на брендот. Низата од специфични настани се оджуваше од 01 до 07 октомври 2016 година, во местото Термисиа, во Грција.Идејното, техничко решение и организацијата на вкупно петте настани во времетраење од шест дена беше комплетно покриено од страна на тимот на Дуна Настани.

RSVP Фестивалот, кој ги собира најдобрите компании од регионот од сегментот на организацијата на настани, се одржува веќе трета година и доделува годишни награди за осум категории: Најдобар B2B/B2C/интерен настан; Најдобар настан за претставување на производи или услуги; Најдобар конгрес/конференција/саем; Најдобар спортски настан;Најдобар музички настан; Најдобар настан од областа на културата; Најдобар непрофитен/општествено корисен настан; како и Најдобар online настан.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка