22 Ноември, 2024
0.0643

ДУРИ СЕГА ЌЕ НЕМА ЅИДАРИ, СТОЛАРИ, И МОЛЕРИ - во Европа ќе се бара сите кои сакаат да издаваат станови, да мора прво да ги реновираат

Објавено во: Македонија, Балкан 18 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

И досега градежниците од Балканот добро се снаоѓаа во земјите од Европската Унија. Градејќи во Германија, Австрија или Англија, тие заработуваа по 3.000 евра месечно, а новите планови на ЕУ сега би можеле да бидат вистинска мека за балканските мајстори, пишува Блиц.рс.

Намерата на ЕУ е сопствениците на имот кои го изнајмуваат својот имот да мора да го реновираат, со цел да се подобри енергетската ефикасност и изолацијата. Практично, според предлогот на ЕУ, до 2027 година треба да се реновираат сите јавни и ненаселени објекти, а до 2030 година становите и куќите.

Од гледна точка на локалната стручна јавност, тоа би била скапа „играчка“ од една страна, реновирањето кое не е евтино би ја покачило цената на киријата, а од друга страна, се проценува дека цената на изградбата ќе експлодира. Но, тоа од гледна точка на нашите граѓани кои заработуваат во ЕУ би значело повеќе работа и поголема плата.

„Правилно е да се подигнат стандардите за градба на недвижен имот за да се заштити климата. Сепак, предлогот на ЕУ е немудар и вознемирувачки бидејќи се зборува за реновирање на милион куќи во наредните години. Денеска нема кој да ја работи оваа работа, што вели дека градежните цени ќе експлодираат“, изјави за БИЛД Аксел Гедашко, претседател на Сојузната асоцијација на германски компании за домување и недвижности.

„Истовремено, постои опасност од зголемување на цените на закупнината бидејќи трошоците за изградба значително ќе се зголемат и веќе се повисоки во меѓународна споредба“, додаде тој.

Лукас Шибенкотен од германското здружение на станари предупредува на „значителни трошоци“ за сопствениците.

„Кириите ќе растат. Има законска регулатива и граница која го ограничува растот на кириите. Тие мора доследно да се почитуваат и применуваат“, вели Шибенкотен.

Платите на нашите градежни работници во европските земји се многу слични во Германија, Австрија, Велика Британија... Се бараат и ѕидари и керамичари, молери, изолатори..., а платите одат и до 3.000 евра. Честопати е и повеќе, имајќи предвид дека нашите граѓани често работат прекувремено во странство, што работодавачот дополнително го доплаќа.

Ѕидар 2.900 евра

Столар 2.700 евра

Керамичар 2.660 евра

Молер 2.350 евра

Кај нашиот народ најмногу заработуваат возачите, и професионалците кои возат камиони и оние во јавниот превоз кои за четири работни дена неделно заработуваат и до 3.700 евра месечно. Услов е да имаат диплома добиена по шест месеци школување. Добро заработуваат и медицинските сестри кои се почесто од Србија и од другите балкански држави заминуваат во Германија за плата од околу 2.300 евра. Нешто помалку платени работни места во земјоделството, градежништвото, угостителството ...

Извор: Блиц,рс

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир