05 Декември, 2025
0.0355

Дваесет златни правила на инвестирањето!

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2013 22:27

Добивај вести на Viber

Инвестирањето на вашите сопствени пари е комплицирана и потенцијално опасна работа. Ако само еднаш се лизнат во нестабилниот свет на пазарот на капитал, соптвеноста на акции може да се покаже како многу скапа. Овие дваесет совети за инвеститорите се водич за тоа како не само да преживеат, туку и да остварат добивка во прашумата на светот на инвестирањето. 1. Секогаш купувајте по ниски цени, а продавајте по високи. 2. Не ловете  приноси. Ако не ви се допаѓаат фондовите или акциите, купувајте ги штом ќе потонат. 3. Не напуштајте ги вашите победници. Со други зборови, вашата добивка нека се движи и не се брзајте со опростувањето од вашите инвестиции кои носат најголем принос. 4. Намалете ги вашите загуби пред да станат претерани. 5. Никогаш немојте да бидете премногу приврзани кон одредена акција или фонд. Како што господинот Џон Харви Џоунс еднаш рече: “Некогаш морате да го убиете вашето омилено дете“. 6. Општо, размислувајте долгорочно. Како што еднаш рече Ворен Бафет, големиот американски инвеститор - “Никогаш не купувајте акции, освен ако сте среќни како нивен сопственик, и ако берзата се затвори во текот на следните десет години“. 7. Немојте да дозволите тоа да ве спречи во редовното преиспитување на вашето портфолио. Морате често да проверувате дали вашето портфолио е прикладно урамнотежено. 8. Секогаш реинвестирајте ја исплатената девидента. Силата на сложеното вкаматување на вашите акции во кои сте ја реинвестирале дивидендата прави огромна разлика во вашиот принос, акумулиран со текот на годините. 9. Никогаш не ги ставајте сите јајца во еден кошница. Ако сите тие пари во март 2000 година, ги вложевте во американскиот технолошки сектор, најверојатно околу 90% од вредноста на вашето портфолио со текот на годините би било избришано. 10. Иако има смисла долгорочно да се држат акции, веројатно е дека не сакате да ги држите засекогаш. На крајот, акциите постојат за да се купуваат и продаваат, а не за да се купуваат после што треба да заборавите дека некогаш сте ги купиле. 11. Уверете се дека сте потрошиле барем еднакво многу време за размислување за продавање на акции, колку што време сте посветиле размислувајќи за тоа дали треба да ги купите. Многу инвеститтори ја занемаруваат оваа дисциплина која е од животна опасност. 12. Даночно повластените инвестиции, како уплатата во доброволни пензиски фондови користете ги разумно. Никогаш не дозволувајте даночните растеретувања за тоа што сте инвеститор да ве направат мрзливи. 13. Ако не разбирате како функционираат одредени инвестиции, најверојатно не е добра одлука вашите пари да ги вложите во  нив. 14. Не плашете се да го поставите прашањето “што ако“. Во касните 1990ти многу инвеститори купуваат штедно инвестициски производи со привидно “низок ризик“ поврзан со глобалниот пазар на акции. Некои од нив се запрашаа што ќе се случи ако  глобалниот пазар на капитал падне од местото на кое се искачило, како што се случи од 2000 година па натаму. 15. Бидете внимателни и не дозволувајте да ве доведат до ќош. Ако сте купиле погрешна акција немојте само да набљудувате како паѓа нејзината цена. Немојте да ја држите тврдоглаво во бесконечност, надевајќи се дека вредноста ќе и се врати на нејзиниот историски врв. Тоа можеби никогаш и нема да се случи. 16. Немојте да се плашите да инвестирате против повеќемината на пазарот. Некои многу успешни инвеститори се збогатија благодарејќи на вложувањата во спротивна насока од моменталните трендови. 17. Никогаш немојте да подпаднете под влијанието на “посебните понуди“ како што е дисконтното купување во отворените инвестициски фондови, кое во одредено време друштвото за управување со фондовите ги рекламира. Многу е подобро во тој момент да се купат удели на вистински фонд отколку удели на погрешниот фонд, па дури и ако мораме да платиме влезени и излезени надоместоци. 18. Игнорирајте ги сите упатства и  совети на активните учесници на пазарот, ако тие ви бидат понудени на работното место или покрај дванаесеттата дупка на локалното голф игралиште. Сетете се на старата пословица на искусните коучесници на пазарот на капитал: “Каде и да постои наговорување за купување на акции, постои и некоја чешма поради која постојат тие наговорувања„. 19. Никогаш немојте да дозволите да ве занесе еуфоријата на инвестирањето, не постои цена на акции или стока која ќе трае вечно. 20. Сетете се дека ако нешто понекогаш изгледа премногу добро за да биде вистинско – тогаш најверојатно и не е вистинско.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје