01 Мај, 2024
0.0274

Две години нема гас на веќе изграден гасовод: Кој ќе пушти гас до Штип?

Објавено во: Економија 31 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Додека се заострува дебатата, но и реакциите во јавноста околу изградбата на магистралиниот гасовод во земјава и делот од гасоводот кој води кон западна Македонија преку Водно, Македонски енергетски ресурси (МЕР) уште не може да пушти гас низ веќе изградениот гасовод од Клечовце до Штип. Оваа делница беше изградена уште за време на претходната Влада во јули 2016 година, а заполнувањето со гас беше највено уште тогаш. И две години подоцна гасот не протече низ цевките. Сега директорот на МЕР Бајрам Реџепи за Фактор вели дека допрва ќе се објавува тендер за избор на фирма која ќе ги полни цевките, но и компанија која подоцна ќе ги одржува. Не се знае ниту од каде ќе се купува гасот, па Реџепи вели дека сите овие процедури може ќе завршат до крајот на годината.

„Во тек е изработка на тендерската документација за набавка на гас, за услуга за заполнување со гас и за услуга за одржување на оваа делница. Ова ќе треба да заврши во четвртиот квартал од оваа година, рече Реџепи.

Со барање да бидеме трпеливи не сакаше да коментира повеќе, ниту пак даде коментар за другите делници и за актуелниот проблем со изградбата на трасата преку Водно, за што има жестока реакција во јавноста.

Инаку пуштањето гас низ делницата од Клечовце до Штип е важно оти по тој процес дел од фабриките во штипската индустриска зона ќе можат да го користат гасот како енергенс. Сличен одговор дека се подготвува тендер за избор на фирма која ќе го заполни гасоводот од МЕР имаа и во март годинава и тогаш се тврдеше дека гасот низ цевките ќе протече за најмногу два месеци. Тоа сепак не се случи. Инаку како штио објавивме најверојатно треба да се избере странска компанија што ќе го заполни гасоводот оти во земјава нема фирми кои имаат такво знаење.

Магистралниот гасовод од Клечовце до Штип е во должина од 61 километар и вредеше 75,7 милиони долари. Изградбата сепак беше подмирување на клириншкиот долг од Руската Федерација кон Македонија во висина од 60 милиони долари.

На терен бавно се одвиваат работите и со изградбата на магистраќната мрежа на потегот од Штип до Неготино и оттаму до Битола, но и од Скопје до Гостивар со крак до Тетово. За овие делови веќе се купени и цевки и тие моментно стојат во фабриката ФЗЦ 11 октомври во Куманово. Оттаму потврдуваат дека цевките во вкупна должина од 80 километри цевки се во добра состојба но дека е точно оти поради тоа што се складирани таму од јануари лани, почнале да појавуваат корозија и да се разјадуваат.

Според роковите кои ги најавуваат надлежните, до 2020 година ќе се изградат краците на магистралниот гасовод од Штип до Неготино и до Битола, и од Скопје до Гостивар и Тетово. За годинава веќе се обезбедени 32 милиони евра за градба и осум милиони евра за средување на имотно правните работи.

Националниот гасовод во првата фаза опфаќа 17 општини во кој ќе се вклучени министерства и повеќе институции. Во земјава со години е функционална магистралната гасоводна мрежа од границата со Бугарија до Скопје, а гасот од оваа мрежа е достапен во Куманово. Од гасоводниот прстен околу главниот град приклучок на гас имаат само Клиничкиот центар и неколку средни училишта. 

Сепак за да стаса гасот до домаќинставата ќе треба да се изгради и секундарна и терцијарна мрежа, процес што може да потрае и повеќе од пет години.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?