ДВЕ НЕДЕЛИ БИЛ ВО БОЛНИЦА: Тетовчанец раскажува за битката со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Август, 2020
Сашо Серафимовски(57) од Тетово првпат во животот годинава морал да помине две недели во болнички кревет поради коронавирусот.
Не знае како се заразил, затоа што носел маска и ги почитувал сите протоколи. Тој целиот живот се занимавал со скијање и досега немал никаков здравствен проблем. Во својата битка со КОВИД-19 тој раскажува дека згрешил што првите неколку дена ги игнорирал симптомите, па потоа тоа го „чинело” две недели болничко лекување на КОВИД-19.
– Беше недела, 28 јуни, цел ден работев дома, па вечерта имав 38 степени температура. Викам, ме „фатила” сончаница поради жешкото време и не обрнав мниогу внимание. Утредента, во понеделникот, преку ден немав некоја тешкотија, ама околу 18 часот имав пак температура 38,5, па се одлучив да земам парацетамол и ефедрол, затоа што ме болеше и глава. Во вторникот повторно температура, но веќе решив да се тестирам за коронавирус. Брис ми зедоа уште утредента, во средата. Во четвртокот ми беше најлошо, затоа што ми се појави стегање во градите, кашлање и слично. Зедов парацетамол, ефедрол и сумамед“, објаснува Сашо за првите денови од битката со КОВИД-19.
Следувала најлошата информација од рендген што покажал бронхопневмонија, па дефинитивно, според лекарите, морало да има болничко лекување. Бил хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје. Таму увидел дека секој организам различно се бори со коронавирусот.
Додека бил болница, во текот на првите седум дена и неговата сопруга Маре била дијагностицирана како заболена од Ковид-19, па вели дека таа со огромна помош на тетовските матични лекари успешно се справила со коронавирусот, но со домашно лекување.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.