ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кираца Трајковска по интуиција ги поврзала исчезнатите Вања и Панче
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2024
ПРОДОЛЖИ СУДЕЊЕТО ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ
Сведокот Кираца Трајковска, мајка на Гоце Трајковски, денеска сведочеше во врска со сознанието дека Вања исчезнала и помошта што ја пружиле. Таа сподели дека Палчо ѝ е зет за втора братучетка и дека била заменик генерален директор во Фершпед, каде што своевремено работел Александар.
- Порано комуницирав повеќе, последните години сум во Белград и тие контакти се поретки. Кога разбрав им пуштив на децата, Гоце мораше да ме праша кое е девојчето. Му кажав дека е ќерка на Сашко. Бидејќи се работи за девојче во тие години се сомневаме и ги баравме сите можни ситуации што би можело да се случи со девојчето. Тогаш бевме сите истражители, за кое било дете ќе помогнеме, рече таа.
Дополни дека го побарала Гоце за помош.- Му кажав на Гоце да помогне, затоа што знам дека Саше е многу мирен, повлечен, тој е родител и дека во тие моменти родителите поинаку размислуваат, не ќе може да резонираат како што треба. Гоце е помангуп, рече таа.ОТКАЗ ЗА 15 ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ПОРАДИ ДАВАЊЕ ДОЗВОЛИ ЗА ОРУЖЈЕ НА ЛИЦА КОИ НЕ ИСПОЛНУВАЛЕ УСЛОВ
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека отказ добиле 15 полициски службеници бидејќи дозволи за поседување на оружје земале луѓе кои законски немале право.
„Комисијата за ревизија на постапките за давање дозволи за поседување оружје констатира дека не се постапувани над 5.000 предмети, а исто така голем број предмети се постапувани со кршење на законските одредби, во кој случај Одделението за Внатрешната контрола по основната истрага доставила до Секторот за дисциплинска постапка предлог за спроведување на дисциплинска постапка – разрешување на околу 15 лица кои од претходната власт биле на раководни позиции во полицијата“, информираше Тошковски.ДИРЕКТОРОТ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ВЕЛИ ДЕКА ПРОТИВ НЕГО СЕ ВОДИ ХАЈКА
Хидрофорот што обезбедува висок притисок за хидрантите што ни се по спратови во случај на пожар од 2018 година е надвор од употреба. Замислете, денеска да имаме пожар по спратови, ние немаме притисок, односно немаме вода за гасење пожар.
Ова го посочи директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, денеска истакнувајќи дека изминатиов период се води кампања против Универзитетската клиника за детски болести и лично против него, иницирана од поединци кои имале лични интереси и болна намера за власт и позиција, преку злоупотреба на детски судбини.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Психолозите велат дека во нашето општество постојат луѓе кои имаат потреба од посета на психолог, но поради недостиг на финансии не одат или одат само повремено. Една посета на психолог може да чини од 1.000 до 3.000 денари, а некаде дури и над таа сума.Инвеститорите не газат на трула штица. Тоа може да се заклучи од вчерашниот берзански ден, во кој поминаа четири блок трансакции, а во кои беа купени акции на моќни банки и компании.
Со дополнување на членот 141 од Законот за електронски комуникации ќе се забранат странските платформи за приредување на интернет игри на среќа. Предлог-законот е објавен на Единствениот национален регистар на прописи, пред истиот да се најде во Собранието.