ДВЕ ТИНЕЈЏЕРКИ ПРЕГАЗЕНИ НА ПЕШАЧКИ ВО ШТИП - Девојчињата се во болница, оделе во училиште
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2023 11:02
Две девојки на возраст од 16 и 17 години се згазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.
Несреќата се случила утринава пред 7.30 часот, кога во нив удрило возило со марка „цитроен“ со германски регистарски таблички, управувано од 28 годишен штипјанец.
Според првичните информации од СВР-Штип, едно од девојчињата се здобило со тешки телесни повреди и скршеница на карлицата. Со возило на Брзата помош, двете девојчиња се пренесни во штипската Клиничка болница, од каде се очекуваат подетални информации.
Двете девојчиња се ученички во СОУ „Коле Нехтенин“, кои утринава преминувале на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ за да пристигнат до своето училиште.
Пред неколку години овој булевар пред регионалното електро-машинско училиште беше ризична сообраќајна точка. Постојано се случуваа несреќи во кои страдаа ученици и пешаци преминувајќи го булеварот. По смртниот случај на еден средношколец, општината го изгради кружниот тек и постави нов пешачки премин и сигнализација, за поголема безбедност на пешаците, бидејќи претходно возачите своите возила ги управуваа со голема брзина.
Повеќе детали околу оваа несреќа во текот на денот, најавуваат од СВР-Штип и Клиничка болница-Штип.
Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




