Две златни медали за Винарија Камник на светски вински натпревари
Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2021 15:52
Carménère 2019 на Винарија Камник доби златен медал на светски реномираниот International Wine Challenge 2021, каде што освои 95 поени и е единствен златен медал за македонско вино. Оценувачите го опишаа Carménère 2019 како ароматично, со ноти на црна слива, хербални тонови и зачински нишки на ванила и пиперка, свежо и со прекрасна завршница.
International Wine Challenge е признат како најригорозен, непристрасен и највлијателен годишен вински натпревар во светот. Ригорозниот процес на оценување на IWC подлежи на најмалку три одделни „слепи“ дегустации при што секое вино се категоризира според доследноста на стилот, регионот и бербата.

Винарија Камник пред само неколку месеци го лансираше Carménère 2019 како прво вино во земјата и регионот што е направено 100% од истоимената сорта грозје. Со својот изразено зачински вкус и чист состав, како и инстантниот успех на Carménère 2019, се открива Македонија како регион со извонреден потенцијал и за оваа сорта.
Златен медал, исто така, доби и Winemakers Selection 2019 на Frankfurt International Wine Trophy 2021. Winemakers Selection 2019 e црвено суво вино добиено со фузија на врвни сорти грозје од сопствените насади на винaријата Камник - Vranec, Merlot и Carmenere. Се одликува со комплексна арома, истакнат овошно-зачински карактер којшто потсетува на зрела цреша, дополнет со дискретни ванилински поттонови.

Реномето на Frankfurt International Wine Trophy, е изградено врз специфичен и строг метод на оценување. Меѓународната жири комисија е составена од експерти и искусни познавачи, а при оценувањето се користи скала за сензорна анализа според критериумите на Меѓународната организација за вино и винова лоза.
Винаријата Камник постои повеќе од 15 години и претставува синоним за динамична и модерна средина во која креативноста и науката создаваат современа експресија на автентичната македонска традиција на правење вино. Резултатот се вината на Камник, чиј квалитет и посебност се препознаени и одликувани на најпрестижните светски вински натпревари.
ПР Објава
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




