ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ПАДНА ОД ЗГРАДА ВО СКОПЈЕ, укажана му е лекарска помош
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 11:13
Двегодишно дете паднало од стан во зграда во скопската наслеба Аеродром, по што било однесено на клиниките „Мајка Тереза“.
Како што јавува „Телма“ синоќа по полноќ во Итната медицинска помош било пријавено дека двегодишно дете паднало од втори кат од зграда во Скопје, повикувајќи се на изјава на д-р Караманов од Итната медицинска помош.
Порталот „Локално“ пак пишува оти двегодишното дете паднало од четврти кат од зградата во која живее, повикувајќи се на изјава од МВР.
- На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало. На детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот - велат од МВР.
Можеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




