05 Април, 2025
0.0652

Двете нови патарини и зголемената акциза го наполнија буџетот на „Државни патишта“ до врв

Објавено во: Економија 06 Март, 2023 08:15

Добивај вести на Viber

Отворањето на двете нови патарини на автопатот Миладиновци-Штип, Преод и Кадрифаково, на почетокот на јули 2022 донесе рекордни приходи за „Државни патишта“ за дополнителни два милиони евра за само три месеци.

Извештајот од ланскиот трет квартал што го објави државното претпријатие покажува дека во месеците јули, август и септември биле наплатени 18,185 милиони евра, што е за 12,6 отсто повеќе во однос на истото тримесечие од 2021 година.

Инаку, граѓаните кои возат автомобил, двете патарини ги чинат дополнителни 240 денари во двата правци. Оваа делница беше последната на која што немаше изградено наплатни станици на автопатската мрежа низ земјава.

Автопатот Миладиновци - Штип беше пуштен во употреба во јуни 2019 по речиси две години одложување, а за патарините се чекаше три години. Возачите кои патуваат од Скопје до  Штип плаќаат и патарина кај Куманово која чини 40 денари. 

Од 1 јуни 2022 година истече и времената владина антикризна мерка со која беа намалени цените на горивата, акцизите и ДДВ-то. Драматичниот раст на цените на нафтата и нафтените деривати се поклопува со овој период во кој ЈПДП има зголемување од дури 42 отсто кај приходите од дел од акцизата за горива.

Акцизата му донела на „Државни патишта“ за три месеци 22,7 милкиони евра, што е најголем приход од сите ставки. Раст има и од наплатата при регистрации на возила од 504 на 542 милиони денари.

Севкупната наплата на претпријатието од граѓаните е огромни 50 милиони евра од 1 јули до 31 септември лани, а растот е 23,3 отсто. Трошоците од работењето истовремено се многу помали, па добивката во овој квартал е 41,8 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КИНА СО ОДГОВОР ЗА САД: Најави нова царина од 34 отсто за сите американски стоки

КИНА СО ОДГОВОР ЗА САД: Најави нова царина од 34 отсто за сите американски стоки

ПОСКАПЕА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку чини квадрат во Љубљана?

ПОСКАПЕА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку чини квадрат во Љубљана?

Официјална средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Официјална средба на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Се огласи сопственикот на „Соравиа“: Нема да дозволиме извршител да ја продава зградата

Се огласи сопственикот на „Соравиа“: Нема да дозволиме извршител да ја продава зградата

ЦЕЛ СВЕТ МУ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ НА ТРАМП: Гугл „гори“ од пребарување списоци, ќе се бојкотираат американски производи

ЦЕЛ СВЕТ МУ ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ НА ТРАМП: Гугл „гори“ од пребарување списоци, ќе се бојкотираат американски производи

КОНФИСКУВААТ ИМОТ НА ДОЛЖНИЦИ, А САМИТЕ НЕ ГИ УПЛАЌААТ ПАРИТЕ ВО БУЏЕТОТ – еве какви забелешки најдоа ревизорите за Агенцијата за управување со одземен имот

КОНФИСКУВААТ ИМОТ НА ДОЛЖНИЦИ, А САМИТЕ НЕ ГИ УПЛАЌААТ ПАРИТЕ ВО БУЏЕТОТ – еве какви забелешки најдоа ревизорите за Агенцијата за управување со одземен имот

Зелените кредити во 2024 достигнале безмалку половина милијарда евра

Зелените кредити во 2024 достигнале безмалку половина милијарда евра

СЕ НАВЕДУВААТ ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ КОИ НЕ ЗАВИСАТ ОД АВИОКОМПАНИЈАТА - се одложува стартот на линијата Скопје-Дубаи

СЕ НАВЕДУВААТ ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ КОИ НЕ ЗАВИСАТ ОД АВИОКОМПАНИЈАТА - се одложува стартот на линијата Скопје-Дубаи

СКАНДАЛ ВО „КАУФЛЕНД“: Еве што е откриено во неколку продавници, а се огласија и некои вработени

СКАНДАЛ ВО „КАУФЛЕНД“: Еве што е откриено во неколку продавници, а се огласија и некои вработени