05 Декември, 2025
0.0324

Џабе ветувањата: Дали МАГА ќе му ја прости војната на Трамп со Иран?

Објавено во: Анализа 24 Јуни, 2025 07:49

Добивај вести на Viber

Трамп попушти под притисокот на Израел и военото лоби во Америка и практично започна војна со Иран, иако пред изборите цврсто ветуваше дека ќе биде претседател кој ќе ги заврши војните наместо да започнува нови. 

Но, дали ова е потег кој ќе го зацврсти неговото претседателство и интересите на САД на Блискиот Исток или ќе стави крај на политичкото движење МАГА.

Трамп ќе го прави Иран повторно Велики

Ветување дека Америка нема да почнува нови војни му овозможи на Трамп да формира една уникатна коалиција на влијателни луѓе во американската политика, бизнис и медиуми и многу лесно ги доби изборите против Камала Харис и демократите.

Со тоа се чинеше дека движењето МАГА (Америка повторно Велика) цврсто се лансираше во политичкиот мејнстрим со ударните тупаници на Џ. Д. Венс, Илон Маск, Такер Карлсон, Роберт Кенеди Помладиот, Тулси Габар, Стив Бенон и многумина влијателни подкастери и комичари.

Откако Маск ја напушти Белата куќа, а главните ветувања за намалување на дефицитот, објавата на Епштајн досието и брзото завршување на руската војна во Украина не се остварија, нападот врз Иран е само уште еден потег кој ја урна аурата околу Трамп и најавите дека ќе започне новата Златна ера.

Главната пропаганда на администрацијата на Трамп е дека ова се ограничени и краткотрајни напади и дека ова не е уште една американска војна на Блискиот Исток. Исто така паролата Америка на прво место е задржана бидејќи станува збор за пред се американски интерес Иран да не создаде нуклеарно оружје, и дека одбраната на Израел е библиска обврска. 

Но, западното лицемерие во очи на меѓународното право и принципи одамна е извалкано. Таа хегемонија може да се одржува само со сила, и тоа брутална што често го демонстрираат САД и нивните верни сојузници, a далеку од вредностите кои ги пропагираат практично од крајот на Втората светска војна кога беше создадена новата глобална економска и безбедносна инфраструктура.

Ваквите политики на САД само ќе ја продлабочат внатрешната поделеност и недовербата во политичкиот систем без оглед колку и да се обидуваат да ја поразат „длабоката држава“ и воено-индустрискот комплекс.

Без оглед какви ќе бидат геополитичките придобивки за САД, едно е сигурно корист ќе имаат и Русија и Кина кои силно газат врз еднополарниот концепт на светски поредок и полесно ќе можат да ги остварат своите долгорочни цели, што неминовно ќе води и кон нови конфликти.

Трамп и натаму има силни лојалисти кои ќе ги извршуваат неговите наредби без приговори, но од друга страна агендата поврзана со реформи во економијата, даночната политика и миграцијата сигурно ќе претрпат сериозни компроси, а МАГА движењето можно е дополнително да се радикализира и изолира, а тогаш, е тогаш ќе биде навистина „интересно“.

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?