19 Декември, 2025
0.0673

Џафери: Мигрантите не се само бројки, и тие се луѓе како нас

Објавено во: Македонија 26 Март, 2018 10:59

Добивај вести на Viber

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери во обраќањето на  138.Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева, порача дека миграциите како појава се присутни од почетокот на човековата цивилизација и дека тие се интензивираат со глобализацијата. Последниве години Европа се среќава со масовна бегалска и мигрантска криза. Само низ Република Македонија, која е дел од таканаречената балканска рута, поминаа неколку стотици илјади мигранти и бегалци.  Одредени анализи и информации покажуваат дека бегалската криза не е завршена, и дека е време сите заедно, но и секоја држава посебно, да преземе конкретни активности.

„Сите ние најчесто знаеме да се пофалиме со бројки, односно за тоа колку мигранти сме примиле или колку поминале низ нашата територија. Меѓутоа, не смееме да заборавиме дека мигрантите се најмалку од се бројки, и тие се луѓе како нас. Разликата е во тоа што секој од нив, без разлика дали е економски мигрант или бегалец, носи многу тажна сторија. Многу често, пред сè жените и децата мигранти, се изложени на најгруби облици на насилство или се жртви на трговијата со луѓе, а организираниот транснационален криминал заработува милијарди долари врз нивните трагични судбини“, рече Џафери.

Тој додаде дека  според податоците денеска околу 258 милиони луѓе, односно 3,4 проценти од светската популација живеат надвор од државите во кои се родени. Џафери потенцира дека меѓународните документи, меѓу кои и Универзалната Декларација за човековите права, не обврзуваат сите да ја зајакнеме положбата на мигрантите и бегалците.

„Не треба да потсетувам дека нашата организација, како една од најстарите меѓународни организации, има донесено повеќе документи кои директно или индиректно се однесуваат на мигрантите и бегалците. Секако би било идеално кога би можеле веднаш да ги запреме сите воени конфликти и кога би можеле во сите држави да обезбедиме одржлив економски развој. Но тоа, барем во овој момент е поблиску до утопија отколку до реалност. Мислам дека како национални парламенти, користејќи ги алатките на парламентаризмот, можеме многу да промениме“, истакна претседателот на Македонското Собрание.

Притоа посочи дека преку организирање на јавни расправи и преку нашата соработка со невладините организации, може многу да направиме во надминувањето на серија предрасуди и стереотипи кои се однесуваат на мигрантите.

„Превладува мислењето дека мигрантите ни земаат нешто наше. Се заборава дека, со целосната инклузија на мигрантите, бенефит ќе имаат самите мигранти меѓутоа и државата домаќин. Понатаму, преку надзорната улога на парламентите, можеме да контролираме како извршната власт, поточно како соодветните министерства ги исполнуваат своите обврски кон мигрантите“, рече Џафери.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот