СВЕТСКИ 2*МИШЕЛИН МАЈСТОР ВО МАКЕДОНИЈА
Џанфранко Киарини со светски гастрономски перформанс во Скопје
Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2016 13:14
Извонредниот светски 2* Мишелин готвач, Џанфранко Киарини, со својот тим, ќе приреди фантастичен гастрономски перформанс и доживување за македонските граѓани.
Прв пат во Македонија, на специјален настан, Киарини, кој готвел во ресторани со 3* Мишелин, ќе создава извонредни готвачки специјалитети со прекрасен дизајн и комбинација со соодветни вина. Неверојатно вкусно подготвената храна, според највисоките Мишелин стандарди и совршеното целокупно доживување, го овозможуваат Слоу Фуд Македонија, ресторанот Хантерс Лоџ Камник, Винаријата Камник како генерални спонзории несебичната поддршка од Миеле Македонија, хотел Гарден Охрид, хотел Радика и Горска вода.
Сите љубители на извонредната храна, на 12 и 14 октомври 2016, лично ќе може да присуствуваат на готвачките перформанси на Киарини во Скопје. Тој ќе подготвува мени од 5јадења, по Мишелин стандардите, а истите ќе се подготвуваат и спаруваат со соодветни Камник вина. Овие екстравагантни гастрономски настани ќе се случуваат во еден од најреномирани ресторан во нашата земја, Хантерс Лоџ Камник, со почеток во 20 часот, а бројот на места е ограничен на само 80 лица по вечер.
На 7 октомври Киарини ќе одржи специјален семинар наменeт само за професионални готвачи. Овој семинар ќе се одвива воВинскиот клуб Камник со почеток во 10.00 часот. За присуство на сите овие настани, потребно е заинтересираните гости да обезбедат билет, со што се добива и резервација на место. Билетите ќе бидат достапни во продажба од 3ти октомври 2016 (денеска) во ресторанот Хантерс Лоџ Камник.
Во светски рамки, гастрономијата достигнува ниво на транформација, преминувајќи во применета уметност во поглед на процесот на подготовка на храната и комбинирање на состојките и во поглед на надворешниот дизајн на порциите и нивно внимателно комбинирање со соодветни вина. Ваквото целосно соединување на приготвување на храната со уметноста овозможува нови возбудливи и бесконечни истражувања во деликатната сфера на создавање на вкусовите и во сферата на визуелната уметност која, сама по себе, ја претставува суштината на делото.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




